СТРАШНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: силен ветер кршеше дрвја, падна мраз...
Објавено во: Балкан 19 Август, 2024
Некои делови на Босна и Херцеговина вчера попладне ги зафати силно невреме пропратено со големо количество дожд, силен ветер и мраз. Имено, невремето го зафати кантонот Тузла. Дождот набрзо беше проследен со силен ветер и мраз, што имаше последици врз земјоделските култури. Имено, тешка ситуација е снимена во Бановиќи каде заедно со силен дожд и мраз дувал силен ветер кој скршил гранки од дрвја. „Во следните часови крајно нестабилно време низ северна и североисточна Босна со локален дожд и врнежи со грмежи. Внимание поради локална појава на невреме со мраз, голема количина дожд за кратко време и силен ветер. Во моментов има невреме кај Бановиќи и околу Котор Варош“, соопшти БХ Метео.
И вчера во попладневните часови Добој го зафати силно невреме кое предизвика значителни потешкотии во сообраќајот и материјална штета.
Силниот ветер, пропратен со силен дожд, кршеше дрвја и гранки, кои паѓаа на коловозот и го попречуваа сообраќајот.
Метеоролозите за денеска најавија локални врнежи од дожд и грмежи низ Босна и Херцеговина.
Фото: Архива* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.