СТРАВ ВО СВЕТОТ: Овие две валути се нокаутирани
Објавено во: Економија 12 Април, 2017
Доларот се тргува на пет месечен минимум во однос на јенот.
Тој изнесува 109,745 јени, што е најниско од 17 ноември лани.
Ден претходно, американската валута ослабна за 1% во однос на јенот, односно се тргуваше за 110,920 јени.
Еврото ноќеска се намали за 1%, и се тргува за 116,160 јени. Оваа валута сега е на пет месечен минимум.
Јенот традиционално е стабилен, а овие две валути ослабнаа заради француските избори и можната акција на САД во Сирија и Северна Кореја.
Додека паѓаше во однос на јенот, сепак еврото помина за нијанса подобро од доларот.