26 Април, 2024
0.0295

Стручноста на учениците роб на системот: Практична работа по само два часа во денот

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber


Многу законски недоречености ја отежнуваат и така слабиот тренд ученици од средните стручни училишта да одат на пракса во домашните компании. Не е регулирано законски колку часа треба да трае праксата, кој да ја плаќа. Бизнис секторот сугерира дека се потребни измени на Законот за стручно образование со кои ќе се дорегулираат сите нејаснотии за праксата да биде поефикасна. Познавачите велат дека државата итно треба да се фокусира на ова затоа што со години токму во слабата практична работа се лоцира еден од најважните проблеми поврзани со стручноста на учениците по завршувањето на средното училиште. Наташа Јаневска, самостоен советник од Стопанската комора вели дека искуството на терен покажало дека компаниите по неколку основи се соочуваат со проблеми при реалзирање на праксата.

Тоа што нема точна регулација за должината и времето на практичната обука, вели Јаневска, најчесто значи ученикот во компанијата да седи по само неколку часа и тоа во ист ден кога е и на училиште со што ефектот е речиси минимален.  

 „Таквиот модел не само што не е функционален, туку е и неефикасен и неприфатлив за компаниите. Проблемот е што изведувањето пракса само неколку часа во денот не може да ги оспособи учениците да стекнат практични вештини и знаења, ниту пак имаат можност да се запознаат со работните процеси во компаниите. За ефикасен систем на учење преку работа, компаниите се на став дека е потребно во текот на една работна недела учениците да поминат најмалку еден до два дена во компании со полно работно време, вели Јаневска.


Стопанската комора, затоа, ќе иницира законски измени со кои точно ќе се одреди должината на практичната работа. Оттаму сугерираат и да се допрецизира целокупниот процес на безбедност и заштита при работа за учениците кои реализираат практична обука во компаниите.

„За компаниите каде постојат специфични квалификации на работни места, од особено значење е законски да се регулира дека, учениците кои се запишуваат во средните стручни училишта за конкретни квалификации мора да поминат задолжителни лекарски прегледи. Поради спецификата на возраста на учениците со подзаконски акт мора да серегулира кој ќеговрши лекарскиотпреглед,училишнатаили трудоватамедицинаили и двате, кога станува збор за специфичните квалификации, вели Јакимовска.

Таа е децидна и дека мора да се знае кој ги плаќа трошоците за практичната работа, која впрочем и чини доста. Треба да се платат обуките за безбедност, превозот и храната за учениците, нивното осигурување, здравствените регледи и лабораториите каде се изведува работата.

Според Јакимовска веднаш мора да почне имплементацијата на членот 15 од постоечкиот Законот за стручно образование и обука со кој работодавачот има право да се стекне со финансиски, царински и даночни олеснувања, но и истиот да обезбеди надоместок за ученичката работа по примерот како што тоа го прави ЕВН Македонија.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката