Добивај вести на Viber
Во малиот градски парк во Струмица в понделник ќе биде откриена скулптура на великанот на македонската народна музика Гоце Арнаудов, кој потекнува од овој град.
Откривањето на скулптурата, која е е дело на познатиот скулптор Митко Тошев, ќе биде еден ден пред роденденот на Арнаудов. Скулптурата ја финансира општина Струмица, која за ова облежје и партерното уредување издвои 1.700.000 денари.
„Општина Струмица ја исполни својата заложба во зачувувањето на неговата бесмртност, подигнувајќи му спомен обележје – скулптура во малиот градски парк, спроти домот во кој Арнаудов живееше со своето семејство. Со овој споменик ја изразуваме нашата почит кон големиот великан Гоце Арнаудов, ѕвездата на македонската естрада“, изјави струмичкиот градоначалник Зоран Заев.
Тој ги покани сите граѓани на општина Струмица, но и сите граѓани на Македонија, да дојдат на свечената церемонија в понеделник и сите заедно уште еднаш да му изразат достоинствена почит на Гоце Арнаудов.