СТУДЕН ТУШ: Бугарија сепак нема да не поддржи за преговори со ЕУ
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2021
Бугарија не може да го поддржи одржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија, соопштија од бугарското МНР за агенцијата БГНЕС..
Сегашниот проект за преговорачката рамка за влез на Македонија во ЕУ не ги содржи предлозите на бугарската страна и од тоа следува дека Бугарија не може да ја поддржи конференцијата.. Од бугарското МНР информираат дека минстерот за надворешни работи Светлан Стоев денеска ги примил амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на кои ги информирал и за отворените прашања со земјава.
Одредени изјави периодов беа протолкувани како позитивни сигнали.
foto BGNES