Студентката што го фрли своето бебе во канта на Табановце ќе одговара за убиство
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М. (19) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство на дете при породување“.
Пријавената во мај годинава откако добила породилни болки, се затворила во купатилото каде родила живо женско дете кое потоа го ставила во корпа за отпадоци и го фрлила позади семејната куќа.
Од страна на полициски службеници бил извршен увид на местото на настанот, а од извршениот претрес било пронајдено мртвото новороденче.