СТУДЕНТСКИ РЕФЕРЕНДУМ: Излезеноста голема, студентите решаваат за СПУКМ
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2016
Студентите денеска спроведуваат референдум.
До 17 часот тие треба да го дадат своето мислење на прашањето дали дали СПУКМ ќе биде дел од Универзитетот или пак ќе продолжи да постои како невладина организација.
Според информациите од Студентскиот пленум објавени на нивната официјлан Фејсбук страна, излезеноста на референдумот е поголема од очекуваната.
Досегашната излезност на референдумот:
Фармацевтски факултет-130 гласови
ФДУ- 34 гласови
ФЛУ - 2 гласови
ФМУ- 35 гласови
Педагошки - 9 гласови
ТМФ - 49 гласови
ФЕИТ- 85 гласови
Машински- 16 гласови
Стоматологија - 15 гласови
Правен факултет - 75 гласови
Економски факултет - 138 гласови
Градежен факултет 45 гласови
Архитектонски факултет- 75 гласови
ПМФ - 30
Медицински факултет -114 гласови
ФИНКИ - 14 гласови
Засега референдумот се одвива во најдобар ред и како што велат од пленумот тие се изненадени од големата излезност регистрирана во утринските часови односно излезноста на поголемите факултети се движи од 50 до 100 додека пак на помалите од 20 до 50 гласови во час.