17 Јануари, 2025
0.0290

Субвенции за печки на пелети за Скопјани

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Град Скопје е подготвен да субвенционира седумдесет отсто од вредноста на печката на пелети, но не повеќе од 30.000 денари доколку Скопјани одлучат да го заменат сегашното затоплување на домовите со еколошкото на пелети.

За ова денеска информираше градоначалникот Коце Трајановски.

Тој соопшти дека до Советот на Град Скопје му предолжил да донесе Програма за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година. 

„Поточно, предложив Градот Скопје да им излезе во пресрет на граѓаните и да субвенционира купување на печки на пелети, односно, да надомести дел од трошоците направени при купување на печка на пелети за затоплување на домовите. Со оваа мерка, Градот Скопје ќе надомести 70 отсто од вредноста на печката, но не повеќе од 30.000 денари. Мерката не ги опфаќа домаќинствата кои имаат приклучок на градското централно греење“, вели Трајановски.
 
Право на учество на јавниот повик што ќе го објави Градот Скопје ќе имаат жителите на Град Скопје, кои ќе купат печка на пелети за затоплување на својот станбен простор.

Заинтересираните граѓани ќе треба да ги достават барање и изјава, доказ за жителство, фотокопија од лична карта, доказ во оригинал дека е извршено купување на печка на пелети, и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка по денот на објавување на повикот.

Едно лице ќе може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок. Купувачот на печка на пелети своето барање за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 09:30 до 15 часот. На пликот треба да стои: Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година, како и името и презимето и адресата на барателот.

Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 5.890.000 денари, но не подоцна од 30.11.2016 година, т.е. јавниот повик ќе биде објавен во текот на наредната недела, после објавување на советот во Службен Весник на Република Македонија, а ќе трае до 30.11.2016 година.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби