Субвенции за плати сепак ќе има
Објавено во: Економија 10 Февруари, 2021
Субвенции за плати ќе има и во новиот пакет мерки.
Премиерот Зоран Заев најави дека деталите се утврдуваат, но петтиот пакет мерки ќе даде можност на фирмите да одберат дали ќе земат субвенција за да исплатат плата како досега. Тие ќе можат да земат бескаматен кредит кој делумно ќе стане неповратен доколку фирмата успешно работи. Детали за пакетот ќе има за викендот. Петтиот пакет ќе содржи уште петнаесетина мерки за помош на фирмите. Тој ќе тежи околу 50 милиони евра кои се додаваат на сумата од 1,1 милијарда, пари кои Владата минатата година ги потроши за излез од кризата. Од повеќе сектори изминатиот период побараа субвенции на плати.