Судијката Габер - Дамјановска најквалификувана за Стразбур
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016
Уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска е најквалификуваниот македонски кандидат за судија во ЕСЧП, објави Нова ТВ.
Ова следи по интервјуата направени со кандидатите од Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права.
Во извештајот, во однос на Македонија се вели дека кандидатите биле интервјуирани на 30.септември, а „Одборот препорачува, со тесно мнозинство дека, Наташа Габер-Дамјановска е најквалификуваниот кандидат, пред Јован Илиевски“.
Тројцата кандидати кои македонското МНР ги предложи за да ја заменат Мирјана Лазарова-Трајковска, чиј мандат истекува во јануари, се уставната судијка Габер-Дамјановска, обвинителот за организиран криминал и корупција Јован Илиевски и амбасадорот на Македонија во Ватикан, Звонимир Јанкуловски.