СУДИЈКАТА КАЦАРСКА РЕАГИРА НА СПОТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Отидоа предалеку, ова е злоупотреба на мојот лик
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2020 12:08
Нова реакција за еден од рекламните спотови на ВМРО-ДПМНЕ.
Добрила Кацарска, судијка во Кривичниот суд, реагира на еден од спотовите во кампањата на опозициската партија, во која се користи нејзиниот лик.
Таа смета дека во овој спот станува збор за злоупотреба на нејзиниот лик и име, за што во понеделник ќе поднесе претставка и до Агенцијата за ауудио и аудиовизуелни медиуми.
„Подолг временски период лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го споменува моето име, нарекувајќи го судството во земјава Кацарска судство. Но, сега се отиде и подалеку, односно моето презиме и мојот лик се употребуваа и во претседателската кампања, а се продолжи и на овие парламентарни избори“, вели Кацарска за Фактор.
Таа потенцира дека партиите добиваат државни пари за да ја рекламираат својата програма и својата кандидатура.
„Со оглед што јас не сум кандидат за пратеник на ниту една политичка партија, сметам дека Мицкоски и неговата партија ги злоупотребуваат парите на даночните обврзници. Посебно овде би нагласила дека мојата работа е позитивно оценета од Стејт Департментот, Европската унија и ОБСЕ. Би сакала да нагласам дека во третиот конечен извештај на ОБСЕ, кој се однесува за работењето на судиите по предметите на СЈО, јасно е наведено дека начинот на кој јас сум ја водела постапката и начинот како беа изведувани доказите во предметот во јавноста познат под кодно име Тенк, треба да слуќи за промер на другите судии. Конечно, со ваква кампања Мицкоски покажува дека не е за борба против организираниот криминал и корупцијата, па можеби тој како кандидат за премиер, пушта јасна порака дека ќе го штити криминалот и корупцијата. Значи ли ова дека Мицкоски ќе ги поддржи судиите кои ќе работат спротивно на законот“, прашува судијката Добрила Кацарска.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




