18 Мај, 2024
0.0305

СУДИЈКАТА ЗГРОЗЕНА: Кацарска бара Судскиот совет да ги испита тврдењата на Стефанова

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Судскиот совет да ја утврди фактичката состојба и да ги испита тврдењата на обвинителката Лиле Стефанова која во сведочењето за случајот „Рекет“, изјави дека токму судијката Добрила Кацарска преку колега обвинител и вршела притисок за притворот на бизнисменот Орце Камчев кој е осомничен во случајот „Империја“.

Ова го бара Кацарска. Таа се огласи со соопштение. 

„Со оглед да секогаш ја зборувам вистината и ништо не кријам, јас јавно пред целата македонска јавност кажав дека фамилијата Камчеви се наши фамилијарни пријатели, но таа моја искреност не смее да се злоупотребува од било кого, а посебно не од Јавен обвинител бидејќи штетните последици од изнесување на невистини доведуваат до нарушување на угледот на оној на кого се однесуваат, а имајќи во предвид дека ја извршувам функцијата судија, се нарушува и угледот на судиската функција воопшто, кое нешто во никој случај не сакам и не смеам да го дозволам. Имајќи во предвид дека на ваков начин се нарушува мојот углед и достоинство, а воедно се нанесува и штета на функцијата судија, барам од вас како надлежен орган да ги утврдите сите факти и да ги прибавите сите докази за утврдување на фактичката состојба со цел јавноста да ја дознае правата вистина“, реагира Кацарска.

Таа се огласи по три дена со реакција, откако беше спомената во судница. 

За шефицата на организиран криминал, Вилма Русковска недозволиво е однесувањето на Стефанова, и таа ја искритикува колешката Лиле Стефанова која како сведок во „Рекет“ ја посочи и судијката Добрила Кацарска како една од оние кои се јавувале во Империја.

„Секој што има сознанија и мисли дека некој судија постапува непрофесионално треба да го пријави во Судски совет. Колешката Стефанова, како обвинител, треба да ја знае таа процедура. Недозволиво е вакви сомневања, после година и пол, да се изнесуваат во судница и притоа да не биде известен Судскиот совет“, рече Русковска. 

Екс обвинителката од СЈО, Катица Јанева бурно реагираше по сведочењето на Стефанова. 

Oваа недела имаше сведочења за „Рекет“, при што јавноста дозна нови детали за случајот. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада