26 Април, 2024
0.0305

СУДОТ НА ПОТЕГ: Ќе му донесе ли пресудата за „Тенк“ затвор на Груевски?

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска јавноста но и обвинетите ќе ја слушнат пресудата на судот за случајот на СЈО за набавката на луксузниот владинин мерцедес кој чинеше близу 600.000 евра.

Минатата недела кога СЈО ги имаше завршните зборови побара од судот да изрече пресуда во која екс премиерот Никола Груевски и поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски кој вчера ја слушна пресудата за случајот „Триста“ која му донесе девет години затвор, ќе бидат прогласени за виновни. За „Тенк“ СЈО бара од нив да ги покријат и судските трошоци во висина од 313.160 денари. 

Меѓу обвинетите во овој случај е и Гордана Јанкулоска екс министерка на МВР, но за неа постапката е издвоена поради „ризична бременост“.

Не признаа вина

Според Груевски процесите на СЈО се политичка хајка која се одвивала без никакви докази.

Тој во последните завршни зборови кажа дека не искористувал положба и влијание врз некој за да добие некаква корист. „Не сум барал набавка на луксузно возило и незаконско фаворизирање на Мак Ауто Стар и не сум барал да нема конкуренција во набавката. Никогаш наведеното возило не ми било дадено исклучиво на мое користење“, рече Груевски.

Обвинителот Гаврил Бубески пак од судот бараше при утврдување на кривичната одговорност на обвинтетите да ги имаат предвид отежнителните околности дека Груевски дејствувал со директна умисла додека бил премиер и делото го направил од лична желба, но со буџетски средства, а како олеснителна околност неговата семејна состојба.

Денеска ова ќе биде трета пресуда која ќе ја изрече судот.

Неделата стартуваше со о случајот „Поткуп“ каде премиерот Заев е ослободен бидејќи Обвинителството не докажало дека тој го сторил делото во  во кое беше обвинет за барање поткуп од струмички бизнисмен додека беше градоначалник на Струмица во 2015 година.

Вчера пак судот пресуди девет години затвор за екс функционерот Ѓоко Поповски за случајот „Триста“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“