19 Мај, 2024
0.0290

Судот не го пронајде Иво Котевски, обвинителите се откажаа од неговото сведочење

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Обвинителите Љубомир Лапе и Гаврил Бубевски го повлекоа сведокот Иво Котевски од случајот „Тортура“ откако Кривичниот суд не успеа да го пронајде поранешниот портпарол на МВР. Поранешните обвинители на СЈО го доставија овластувањето од Јавното обвинителство до судијката Александра Ристеска дека тие продолжуваат да го застапуваат истиот предмет и за прв пат одбраната немаше приговор по ова прашање. Судот ги извести присутните дека сведокот Котевски повторно не е пронајден на адресата која е наведена како место на живеалиште, па обвинителот Лапе го извести судот дека го повлекуваат овој сведок бидејќи истиот е недостапен.

На судското рочиште чиј случај за употреба на насилство при апсењето на Љубе Бошковски го отвори СЈО сите странки беа на време пристигнати со исклучок на петтообвинетиот Петар Милошевски за кого одбраната достави лекарски документ со кој се констатира повреда на коленото и наводно боледување од две недели.

Обвинителите побараа од судот да извршат увид во медицинскиот документ и веднаш по увидот реагираа бидејќи во тој документ воопшто немало боледување како пишан документ, туку единствено било препорачано контрола за една недела. Судијката Александра Ристеска побара од одбраната да достават до судот медицинска документација со која ќе го потврдат "наводното" боледување на обвинетиот Милошевски.

По безбројните условувања од страна на одбраната, се закажаа три термини за следни рочишта на 9 и 22 октомври, како и 5 ноември.


Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево