27 Април, 2024
0.0344

Судот пресече: Грција ги враќа на работа здравствените лица невакцинирани против Ковид-19

Објавено во: Балкан 30 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Уставниот суд на Грција ја прогласи за противуставна мерката за продолжување до крајот на годинава на принудното отсуство од работа за невакцинираните здравствени работници против Ковид-19.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис оваа одлука ја искоментира како „опасна“, но дека мора да ја почитува.

Тој сепак за „Скај“ рече дека невакцинираните здравствени работници „се опасни“ и дека нивното враќање на работа ќе биде под строги протоколи „за да не се загрози јавното здравје“.

-Тоа не значи дека не постои опасност по јавното здравје. На човек кој верува дека ако прими вакцина, ќе добие белег на антихрист или ќе му се измени ДНК, би му верувале да ви биде лекар ако отидете во државна болница? Јас не би му верувал. Овие луѓе, јас ги сметам за опасни. Без разлика дали е затоа што не веруваат во науката, или поради некои други причини, истакна Плеврис.

За протоколите, објасни дека следната седмица надлежната комисија ќе одржи состанок и ќе бидат соопштени дополнителни детали.

Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на свои извори пишува дека препораките до министерот за здравство се за враќање на работа на невакцинираните здравствени работници да се воведе задолжителен ПЦР или рапид тест два пати седмично, кој ќе биде на нивен трошок.

Мерката за принуден неплатен одмор за невакцинираните здравствени работници во Грција беше воведена во септември 2021 година, првично беше предвидено да биде во сила до 31 март годинава кога беше продолжена до крајот на 2022 година, продолжување за кое Уставниот суд на Грција одлучи дека е противуставно.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната