Супер вулкан во Италија закана за половина милион луѓе
Објавено во: Свет 21 Декември, 2016
Супер вулканот Капми Флегреи во близината на Неопол покажува загрижувачки знаци на зголемена активност, па геолозите стравуваат дека доколку дојде до силна ерупција во опасност може да бидат доведени над половина милион луѓе, а густиот чад кој би се кренал ќе го попречи авиосообраќајот во регионот.
Проблемот е што вулканот се наоѓа во непосредна близина на густо населена област каде живеат 3 милиони луѓе и нови ерупции може да бидат катастрофални, особено ако нема време за целосна евакуација, додека пак материјални штети би биле огромни.
Според Џовани Чиодини, предводникот на студијата, не може точно да се предвиди кога Кампи Флегреи ќе се активира, но знаците на активност кои ги дава секако се загрижувачки и состојбата мора да се следи постојано. Истражувањето водено од италијански и француски вулканолози е објавено во списанието Природна комуникација.