„Сваровски судијката“ останува надлежна за случајот „УБК“
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016
Апелацискиот суд ја одбил жалбата на СЈО на одлука на Кривичниот суд да не го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката Лидија Петровска. СЈО бараше нејзино изземање, бидејќи таа се споменуваше во една од „бомбите”.
Судот го одбил барањето за изземање на судијата бидејќи „не постојат околностите кои предизвикуваат сомнение за непристрасност на судијата за кој се бара изземање“, соопштуваат од Кривичен.
Од Судот информираа и дека Кривичниот совет од Основниот суд Скопје 1 денеска ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство и го потврди решението на судијата на претходна постапка да не му биде одреден притвор на еден од осомничените во случајот „Трезор“.