СВЕДОШТВО ОД АТИНА: Не го препознав јагленосаното тело на мајка ми
Објавено во: Балкан 26 Јули, 2018
Меѓу жртвите на пожарот во Атина е и 88 годишната мајка на Никос Јанопулос кој со својата сопруга и двете деца гледал како спасувачите ја пребаруваат куќата.
Јагленосаното тело на старицата го пронашле во бањата.
Човекот рекол дека ја пребарувал куќата претходно, но не го препознал јагленосаното тело на мајка си.
Телото на жената било целосно црно.
„Јас во пожарот ја изгубив сопствената куќа која ми е во близина, а и мајка ми изгоре. Толку луѓе настрадаа што на спасувачите им требаа три дена за да ја најдат“ - вели Јанопулос.
Во Грција уште се трага по близнаците кои прво се спасени, па потоа исчезнале.