Момче преживеа напад од три смртоносни предатори
Објавено во: Свет 24 Април, 2018
20 годишниот Дилан Вилијамс од Колорадо успеал да преживее иако бил нападнат од три смртоносни животни.
Тој преживеал три напади и тоа од мечка, ајкула и змија.
Дилан Вилијамс последната смртоносна средба ја доживеал на Хаваите, кога го нападнала ајкула додека сурфал.
-Беше лудо. Изгледа дека немам многу среќа, но имам среќа во несреќа, раскажува Дилан за Би-Би-Си.
Уживал во брановите на Пацифичкиот океан кога почувствувал дека нешто го гризнало за нога.
-Видов ајкула под мене. Почнав да ја удирам, ја удрив еднаш и почнав брзо да пливам накај брегот.