27 Април, 2024
0.0287

Свето Пивара, Нако Кожара, Страшо Гранит, Штерјо, Минчо, Симе Пашата, Туџар, Џобе ....

Објавено во: Економија 04 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Во монографијата на Стопанската комора на Македонија се опфатени околу 500 личности кои биле или се`уште се значајни за коморското организирање и работење. Од нив, околу 270 личности се наведени со име, презиме и компанија, а околу 230 личности и со фотографија на 209 страни.

Стопанската комора на Северна Македонија оваа година слави 100 години од своето постоење. По тој повод, подготвивме Монографија за личностите и настаните кои ги одбележаа последните 25 години. 

Монографијата содржи интересни податоци за сите најзначајни активности кои го одбележале опстојувањето на Стопанската комора на Македонија низ годините (со назив Стопанска комора на Северна Македонија од март 2021 година), а посебен фокус е ставен врз личностите значајни за бизнисот во Македонија, компаниите кои биле или сеуште се дел од најголемата и најбројната бизнис-асоцијација, низ призмата на добиените коморски награди во последните 25 години, од кога последен пат била издадена коморска монографија. Овој дел, којшто е суштински за монографијата, претставува извонредна можност да се пристетиме на сите личности кои вградиле дел од својот живот во развојот на македонската економија.

Во монографијата ќе прочитате за Шутурко, Гоце Кам, Самарџија, Драги Милошевски, Петар Спасески, Кутревски Пекабеско, Хари и Бишев, Нанчо, Зарче, Јаким и Најденко, Клубот 100 – Живко Алкалоид, Андреја Макпетрол, Гечев ИГМ, Кочо, Доне, Петер Штефан, Шевки Ренова, Даути, Мизо, Аргир и уште многу други бизнис-лидери, препознатливи, како на домашниот, така и на светскиот пазар, кои оставиле силен белег во стопанството и истовремено биле активно вклучени во коморското секојдневие, затоа што биле свесни за улогата на Комората, како сплотувач на бизнисите. 

Во монографијата на Стопанската комора на Македонија се опфатени околу 500 личности кои биле или сеуште се значајни за коморското организирање и работење. Од нив, околу 270 личности се наведени со име, презиме и компанија, а околу 230 личности и со фотографија на 209 страни.

Kоморскиот систем е една голема разгранета мрежа низ целата земјина топка. Нема земја или поголем град каде што нема стопанска комора, затоа што бизнисот и капиталот се присутни насекаде, а како резултат на тоа, потребна е бизнис асоцијација која ќе ги сполотува бизнисите, ќе ги штити бизнис интересите и ќе се залага во име на бизнис заедницата.

За сите интересни моменти од коморското битисување ќе прочитате во Монографијата на Стопанската комора на Македонија, којашто ќе биде официјално претставена на јавноста на денот на Комората - 14 јули 2022 година, на прес-конференција на Комората.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра