СВЕТОТ МОЖЕ ДА ЗДИВНЕ: Опек постигна договор за нафтата!
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2016
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) постигнала договор на средбата на министрите денес за намалување на производството на нафта за 1,2 милиони барели на ден до 32,5 милиони барели на ден, соопшти Bloomberg, повикувајќи се на свои извори.
Потребата да се преземе акција за надминување на глобалната презаситеност од нафта - и за докажување на довербата во групата, доведе до првото намалување на производството на суровината во последните осум години.
Цената на нафтата скокна со 7,6% до 49,90 барели во Лондон при започнувањето на средбата. Нешто пред еден час цената на американската сурова нафта забележа раст од 7,76% до 48,74 долари за барел, а на сортата Брент - од 8,01% до 51,11 долари за барел.
По неколку недели на премногу напнати преговори трите најголеми производители на нафта во ОПЕК - Саудиска Арабија, Ирак и Иран - ги надминале разликите околу тоа како да го делат товарот од намалувањето на понудата за прв пат од 2008 година, коментира Bloomberg.
Саудиска Арабија очигледно се согласила со барањата на Иран да го зголеми производството на околу 3,9 милиони барели на ден. Договорот најверојатно ќе вклучува и намалување на производството на земјите надвор од организацијата со околу 600 илјади барели на ден.
„Исклучително оптимистички сум расположен дека ќе постигнеме многу плодни резултати“, изјави ирачкиот нафтен министер Джабар ал-Луеиби пред почетокот на средбата.
„Ќе има намалување, да, дефинитивно“.
Се очекува официјални детали за содржината на договорот да бидат објавени подоцна попладне.