Светот се разбуди во нов царински шок: За Кина од денес стапка од 104 отсто

Објавено во: Економија 09 Април, 2025 09:28
Новите царини што САД ги воведуваат на земјите ширум светот, вклучително и 104 отсто за Кина, стапија на сила денеска.
Покрај високите царини за Пекинг, САД воведоа царини за увоз од десетици други земји, вклучувајќи 46 отсто за Виетнам, 32 отсто за Тајван, 25 отсто за Јужна Кореја, 24 отсто за увоз од Јапонија, 20 отсто за сите земји од Европската унија.
Според планот на претседателот Доналд Трамп, тарифата за кинескиот увоз првично беше поставена на 34 отсто, а со постојната царина од 20 отсто, ја донесе вкупната стапка на 54 отсто.
Откако кинеските власти најавија реципрочни мерки, Белата куќа објави дека САД ќе ја зголемат вкупната царина за кинески увоз за уште 50 проценти - со што вкупниот износ ќе достигне 104 проценти.
Првата фаза од царините на Трамп - основна стапка од 10 проценти на увозот од речиси сите трговски партнери на САД - стапи на сила во саботата рано наутро.
Трамп повтори дека Соединетите Држави биле „откорнати“ од странски царини во минатото, велејќи дека става крај на тоа.
Американскиот претседател најави претстојно воведување високи царини за увоз на фармацевтски производи во Соединетите Американски Држави и изјави дека овој потег ќе го врати производството на лекови во САД, објави порталот Политико.
Тарифите за увоз на лекови во САД не беа вклучени во првата рунда царини што Трамп ги наметна на земјите ширум светот. Производството на лекови во САД драстично се намали во последниве децении, при што најголем дел од производството на фармацевтски состојки се пресели во Кина и други земји, според Управата за храна и лекови на САД.
Можеби ќе ве интересира
Во јавно претпријатие кое работи со загуба, исплатата на плати се зголемила за 12 отсто

РАСТЕ ПЕСИМИЗМОТ: Секоја трета германска компанија планира отпуштања

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Проектираниот раст од 3,7 oтсто реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ХРВАТСКИ РАБОТНИК ЗЕМА МИНИМАЛНА ПЛАТА: Колкав е износот?

Трендафилов: Како Пазарен инспекторат да ги спроведува мерките на Владата, кога немаат добиено плата?

СОНК СО ПОВИК, ДА НЕ СЕ ПОТПИШУВААТ НОВИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ПЛАТИ ВО КУЛТУРА: Бараат средба со Љутков

СЕКОЈ ТРГОВЕЦ КОЈ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ДОБАВУВАЧ, ГО УЦЕНУВА И ДИКТИРА УСЛОВИ, РИЗИКУВА САНКЦИИ - се огласи КЗК: Да се почитува Законот за забрана на нефер трговски практики

ИМОТИ ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ПРОДАВААТ КАКО АЛВА: Бум на пазарот во Дубаи

ДО СКОРО ДАВАА НАГРАДИ НА ВРАБОТЕНИ ШТО ЌЕ ДОНЕСАТ НОВ РАБОТНИК, СЕГА ДОЈДЕ ОБРАТЕН ПРОЦЕС - како падот на нарачките од Германија се одрази на „Мода“ од Свети Николе
