15 Декември, 2025
0.0301

Во јавно претпријатие кое работи со загуба, исплатата на плати се зголемила за 12 отсто

Објавено во: Економија 24 Април, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие Македонски железници - Инфраструктура, кое ги одржува пругите и железничкиот сообраќај, исплаќа по 40 илјади денари просечна месечна нето плата за своите вработени во текот на минатата година.

Според условната пресметка од годишното финансиско работење кое ЈП ЖРСМ Инфраструктура го објави изминатиот период, вкупниот број на вработени во Друштвото со состојба на 31 декември 2024 година изнасува 720 лица.

За бруто плати за вработените се исплатени 519.180.000 денари и за овој трошок, кој е меѓу најголемите на ова јавно претпријатие, се зголемиле издатоците за 12 отсто, бидејќи една година претходно за доходи на работниците биле потрошени 462.377.000 денари.

Под надлежност на ова друштво е изградбата на железничката инфраструктура, пред се Коридорот 8. Во рамките на овој проект оваа година во јануари беше пуштена во употреба пругата од Куманово до Бељаковце. Приходите кои како услуга ги наплаќа Македонски железници - Инфраструктура доаѓаат од транспортното железничко претпријатие, но најголемиот дел се државни субвенции од буџетот. 

2024-тата била завршена со три милиони евра загуба, што е подобрување ако се знае дека во 2023 резултатот бил минус 11 милиони евра. Според објавената завршна сметка, 860 милиони денари (14 милиони евра) изнесува минатогодишната државна поддршка. Од меѓународните кредити за изградба на Коридор 8 биле префрлени 1,683 милијарди денари (27,5 милиони евра) на негова сметка.

„Основната дејност на Друштвото е да го организира и регулира железничкиот сообраќај, обезбедува пристап и користење на железничката инфраструктура на сите железнички превозиници, изградба, реконструкција, ремонт, одржување и заштита на железничка инфраструктура и други активности што се во функција на дејноста“, објавено е во годишниот отчет на јавното претпријатие.

Дадените аванси кое друштвото му ги исплатило на изведувачите за изградба на фазите од проектот Куманово - Бељаковце.-Деве Баир изнесуваат 10,5 милиони евра, што е послаб резултат за 3,6 милиони евра една година претходно. 

Обврските кон добавувачи во земјата во текот на минатата година се зголемиле на повеќе од 5 милиони евра, а обврските за меѓународните кредити кои треба да се враќаат достигнале до 117 милиони евра.

Минатиот месец бугарското Министерство за транспорт и врски објави дека Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија со демант дека „не е одложена изградбата на пругата кон Република Северна Македонија“. Од таму рекоа дека по завршувањето на делницата од Ѓуешево до Деве Баир во должина од 2,5 километри, преку прекуграничен тунел ќе може да се приклучи на мрежата на македонскиот оператор. Ова може да значи дека македонската страна ќе ја забрза својата динамика на поврзување со бугарската граница.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети