27 Април, 2024
0.0271

Светска банка остана без претседател, Бугарка ќе седне на ова столче

Објавено во: Економија 07 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Светската банка поднесе оставка, a на негово место ќе дојде Бугарка. 

Претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким објави дека поднесува оставка од челната позиција на институцијата од 1 февруари, четири години пред крајот на неговиот мандат.

Ким вели дека ќе се приклучи кон една компанија и ќе се фокусира на вложувања во инфраструктурата во земјите во развој.

„Ми беше чест да служам како претседател на една олку угледна институција“, вели во соопштението, Јим Јонг Ким. 

Сепак, тој не ги наведува причините за оставката.

Кристалина Георгиева е новиот претседател на Светската банка, започнувајќи од 1-ви февруари. Поранешната бугарска комесарка привремено ќе ја извршува функцијата претседател на една од највлијателните меѓународни организации за финансиска и експертска помош. Таа има вкупно 17 години кариера во банкарскиот сектор.

Нејзините шанси да биде претседател со целосен мандат се минимални, затоа што традиционално американски државјанин е на чело на институцијата. Георгиева со месеци ќе раководи со Светската банка, сѐ додека претседателот Доналд Трамп не најде соодветен кандидат кој ќе го предложи на Управниот одбор на СБ.

Пред две години, Георгиева објави дека лично е поканета од претседателот Ким да ја преземе функцијата главен извршен директор на Светската банка.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра