Светските и регионални медиуми ја пренесоа веста дека Груевски е осуден
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2018
Повеќе светски медиуми ја пренесоа веста за затворската казна која му беше досудена на екс премиерот, Никола Груевски.
Светските медиуми пренесуваа дека Груевски е осуден на двегодишна казна затвор заради злоупотреба на службената должност и моќ.
Некои од нив ги цитираа и дел од разговорите од прислушуваните снимени материјали кои беа изложени како докази во судската постапка од случајот „Тенк“.
Дека „падна пресуда за Груевски“ пишуваа и медиумите од регионот.Бугарските медиуми посветија внимание и на протестот пред судот и на бате Геле на кого му се слоши откако ја слушна пресудата.