СВР Скопје се соочува со недостаток на кадар
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016
СВР Скопје се соочува со недостатокот од потребен кадар и тоа во моментов е најголемиот проблем во оваа институција.
Ова е заклучкот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска го посети СВР Скопје за одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочува овој сектор.
„Оваа средба е во склоп на посетите кои ќе бидат
направени во сите сектори за внатрешни работи. На денешната средба бев
информиран околу проблемите со кои се соочува СВР Скопје, но и покрај овие
проблеми безбедноста е добра во градот Скопје и сите капацитети на СВР Скопје
се во функција да се обезбеди сигурноста на граѓаните- истакнал министерот
Спасовски.