16 Јануари, 2021
0.0201

СЗО ДОНИРАШЕ ЛАБОРАТОРИСКА ОПРЕМА: На Микробиологија и Судска медицина ќе има повеќе анализи дневно за детекција на вирусот

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2021

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Северна Македонија Џихан Тавилах и деканката на Медицинскиот факултет во Скопје проф. д-р Соња Топузовска, денеска беа во посета на Институтот за судска медицина по повод донација на „biosafety“ кабинети од СЗО.

Во изјава за медиумите, министерот Филипче истакна дека Светската здравствена организација се покажа како еден од најсериозните и најголеми партнери од почетокот на ковид кризата, како и во претходниот период на други полиња на соработка.

„СЗО беше институцијата од којашто на глобално ниво доаѓаа првите сознанија со вирусот, начинот на ширење, препораките, превентивните мерки и ова сега е еден сегмент на соработка кој значи сериозно зајакнување на лабораториските капацитети. Денешната донација се состои од три „biosafety“ кабинети. Два кабинета се наменети за Институтот за микробиологија и еден за Институтот за судска медицина. Ова е една значајна поддршка за Медицинскиот факултет, со што се одделува работата од форензиката со делот на дијагностика на коронавирусот, нешто што е многу значајно посебно за работата на Институтот за судска медицина“, потенцираше Филипче и додаде дека ова претставува зајакнување на дијагностичките, лабораториските капацитети во делот на идентификување на коронавирусот на Медицинскиот факултет во Скопје.

Шефицата на канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава Џихан Тавилах истакна дека СЗО има блиска соработка со Министерството за здравство во соодветниот одговор на кризата на ниво на целата земја.

„Горди сме што поддршката која ја дава СЗО не е поддршка само за моменталната ситуација која се однесува на кризата со КОВИД-19, туку и долгорочно гледано, поддршка со современа технологија и поддршка за развој на капацитетите на работната сила во областа на здравството во земјата. Уште еднаш би сакала да нагласам дека сме многу горди на соработката со министерот Филипче, медицинскиот факултет во Скопје и сите партнери во земјата, затоа што сме уверени дека одговорот на кризата е навистина силен и оди во добар правец. Истиот нема да запре, земајќи во предвид дека останува уште многу работа, особено со процесот на вакцинација“, рече Тавилах.

Деканката на Медицински факултет проф. д-р Топузовска се заблагодари на министерот Филипче и шефицата на канцеларијата на СЗО во земјава Тавилах што овозможија факултетот да биде дел од институциите на кои СЗО донира опрема, која е многу значајна во овој момент.

„Се работи за три кабинети со високо ниво на заштита, еден автоматски екстрактор за изолација на вирусна РНК, како и реагенси за три илјади анализи. Оваа опрема ќе овозможи лабораториите на Институтот за судска медицина и на Институтот за микробиологија да го зголемат својот капацитет. Односно, бројот на анализи за детекција на КОВИД-19 на дневна основа. Овие кабинети ќе овозможат високо ниво на заштита на вработените. Опремата во иднина ќе се користи и за други анализи. Со тоа се зголемува капацитетот на Медицинскиот факултет за молекуларната дијагностика“, посочи деканката проф. д-р Топузовска.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Демарш од Бугарија, но и осуди за палењето на бугарското знаме во Вевчани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Демарш од Бугарија, но и осуди за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Родилка од Дебар остана без матка, бубрег и без еден јајник по операција

Родилка од Дебар остана без матка, бубрег и без еден јајник по операција

Охриѓанец организирал веселба дома во време на пандемија

Охриѓанец организирал веселба дома во време на пандемија

Градоначалникот Сашо Јанкоски најостро го осуди палењето на бугарското знаме во Вевчани

Градоначалникот Сашо Јанкоски најостро го осуди палењето на бугарското знаме во Вевчани

Десет починати и 403 нови случаи на ковид-19

Десет починати и 403 нови случаи на ковид-19

Битола има најдебела снежна покривка

Битола има најдебела снежна покривка

Од една до пет години затвор - оформен е предмет, толку му се заканува на лицето што го запали бугарското знаме

Од една до пет години затвор - оформен е предмет, толку му се заканува на лицето што го запали бугарското знаме

Задолжителното пензионирање до 64 години „заглавено“ во Собранието, граѓаните кои сакаат да продолжат револтирани што не смеат да поднесат барања

Задолжителното пензионирање до 64 години „заглавено“ во Собранието, граѓаните кои сакаат да продолжат револтирани што не смеат да поднесат барања

Апасиев вели дека Албанците ќе бидат 28,5 отсто на пописот

Апасиев вели дека Албанците ќе бидат 28,5 отсто на пописот