СЗО: ВАКЦИНИТЕ СЕ ЕФИКАСНИ И КОН ДЕЛТА СОЈОТ - со нив не доаѓа до серизно разболување или смрт од коронавирусот
Објавено во: Свет 22 Јуни, 2021
Делта сојот на корона вирусот официјално е регистриран во 92 земји. СЗО предупредија дека ова е најзаразната мутација на Ковид-19 и по симптомите потсетува на грип.
Според досегашните сознанија делта сојот може да има одреден степен на отпорност на вакцините против Ковид-19, но многу е подобро луѓето да бидат целосно вакцинирани, вели епдемиологот на СЗО.
Делта сојот особено е опасен во местата каде што има ниста стапка на вакцинација, предупреди првиот човек на СЗО и ги повика светските лидери да донираат и дистрибутираат вакцини до посиромашните земји.
Гебрејсус на брифингот со новинарите обајви дека СЗО води разговори со многу компании и институции за создавање центри за производство на вакцини против Ковид-19 во Африка.
„Немаме индикација дека оваа индикација ја зголемува смртноста, но истата се истражува додека се шири низ светот. Во однос на ефикасноста на вакцините, знаеме дека вакцините се ефикасни кон сите варијанти, вклучувајќи ја и делта варијантата, кога говориме за сериозна болест или за смртен исход, Ова е добар знак“, рече Марија Ван Керхов од СЗО.