26 Април, 2024
0.0270

Таксистите „попуштија“ – ќе учат англиски!

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Задолжителниот англиски јазик, можноста за одземање на лиценцата ако возилото стои на неодбележано место и високите казни ги збунија и револтираа таксистите. Новите измени на Законот за превоз во патниот сообраќај предивикаа многу реакции и во јавноста, па денеска на иста маса седнаа министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и скопскиот градоначалник Коце Трајановски од една страна и претставниците на асоцијации на такси превозниците од другата страна. Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, во текот на состанокот било договорено да се додефинираат одредбите кои се однесуваат на стоење и дозволени дејствија на авто-такси превозниците. Во нив ќе треба да се додаде дека само во случај кога такси-возилото е празно и без патници и најавен повик дека треба да земе патник од некаде, само во тој случај возилото задолжително ќе треба да стои на авто-такси стојалиште. Притоа од град Скопје се обврзале да го зголемат бројот на авто-такси стојалишта во текот на оваа и идната година. Како што се наведува во соопштението, а во однос на предложените санкции, договорено е казните во случај два пати да биде сторен истиот прекршок да се однесуваат на трајно одземање на извод од лиценцата за возилото со кое бил сторен прекршокот, а не на лиценцата на компанијата. „Претставниците на асоцијациите на авто-такси превозници едногласно ги прифатија одредбите за стекнување на сертификат за познавање на основно ниво на англиски јазик преку обуки кои ќе бидат организирани од страна на Министерството за транспорт и врски и општините во Република Македонија, а сертификатот за превозниците ќе биде бесплатен. „Претставниците на асоцијациите на авто-такси превозници едногласно ги прифатија одредбите за стекнување на сертификат за познавање на основно ниво на англиски јазик (ниво А1 според Заедничката европска рефентна рамка за јазици (CEFR) на Совет на Европа), преку обуки кои ќе бидат организирани од страна на Министерството за транспорт и врски и општините во Република Македонија, а сертификатот за превозниците ќе биде бесплатен“, стои во соопшението. За реакциите и ставовите на таксистите и туристичиките работници може да прочитате во текстот „Учам инглиш ленгвиџ, учам за да знам… за да можам такси да си возам сам”!

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9