05 Мај, 2024
0.0270

ТАРАВАРИ УРГЕНТНО: Отворени рани, суетни лекари, незадоволни пациенти!

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

„Таравари за претседател“, „Алал вера министре“, „Доктор Арбен изненадуваш со ентузијазмот“. Ова се најчесто коментарите за новиот министер за здравство, Арбен Таравари.

Непознато име во светот на политиката, но почитуван лекар во фелата, министерот за здравство изби на врвот на министри во кабинетот на премиерот Зоран Заев, за кого граѓаните веруваат дека е одличен избор.

Таравари е кадар на Алијансата на Албанците, а по професија е лекар невролог. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје и долги години работи на Клиниката за неврологија.

Реши да не ја запостави лекарската професија и од време на време да го соблече костумот и вратоврската и да го облече белиот мантил. Тој планира секоја среда по неколку часа да работи во амбулантата на клиниката и да прегледува пациенти, сметајќи дека на тој начин може да им помогне на болните. Според законот, министерот за здравство, ако доаѓа од областа на медицината има право 15 часа да работи со пациенти се додека ја извршува функцијата.

Прв чекор – поништување на одлука за поскапи лекови

Неколку дена по неговото стапување на функција, Арбен Таравари поништи одлука донесена од претходникот Никола Тодоров за поскапи лекови за пациентите.

„Одлучив да преземам конкретни мерки за поништување на ова решение за кое управниот одбор на Фондот за здравство донел одлука на 26 мај годинава, а одлуката е излезена во “Службен весник” на 9 јуни. Донесов одлука за поништување, бидејќи ќе удреше по џебот на пациентите”, ја образложи Таравари својата одлука.

Здраво Таравари!

Воведе телефонската линија 071/349999 на која граѓаните преку електронска порака на Whatsapp или Viber можат да му се обратат со каква било идеја, предлог, пофалба, или пак неправилности, обиди за корупција и нерегуларности со кои се соочиле во функционирањето на здравствениот систем.

Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги слушне мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем, со цел заеднички да ја сменат перцепцијата за здравството.

Нов и компететен кадар во болниците

Првата кадровска промена што ја направи беше смената на директорот на Клиниката за онкологија, Милан Ристевски, а на негово место е именуван Никола Васев. Разрешениот директор Ристевски беше еден од граѓаните кои на крвавиот четврток на 27 април влезе во Собранието заедно со насилниците и граѓаните. Со Клиниката за неврохирургија ќе директорува Илија Панговски, кој доаѓа на местото на Александар Чапаровски кој е во притвор поради сомнеж за примање на мито.

Таравари најави анализирање на состојбата и постепено внесување на промени со нов, компетентен кадар. Тој рече дека ќе се заложи и за покачување на платите на докторите. Наследникот на Тодоров појасни дека  воспоставува нов начин на избор на директори на јавните здравствени установи во консултација со лекарската фела.

Вети транспарентност и отчетност

Министерот за сите свои активности секојдневно информира на фејзбук страната на Министерството.

Досега тој имаше повеќе средби на кои сака одблиску да се запознае за сите проблеми и болести кои го разјадуваат здравството.

Таравари се сретна со претседателите на трите комори во задрвството - Лекарската, Стоматолошката и Фармацевската комора.

Имаше неформална дружба со новинарите кои го следат здравството, на кои им порача дека е најважно граѓаните на транспарентен начин да бидат запознаени со состојбите во здравството токму преку медиумите кои се своевиден глас на народот.

Одржа работен состанок со претставници на здруженијата ХЕРА, ХОПС и Заедно посилни, со кои разговарал за повеќе аспекти на здравствената заштита кои ги засегаат ранливите групи.

Се сретна и со претставници на триесетина здруженија на пациенти, со кои разговарале да се формира координативно тело со 4 претставници од здруженијата, предложени од самите членови, кои активно ќе бидат вклучени во процесот на изготвување законски измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита.

Дали Таравари е македонскиот Робин Худ пациентите ќе можат многу бргу да се уверат. Го чекаат многу отворени рани, незадоволни пациенти, суетни лекари, а на врата почнаа да му тропаат и долгови, наследени од претходникот Тодоров. Првиот дојде од ЈП Водовод и канализација – Скопје, каде Клиничкиот центар Скопје за вкупно 3 години должи скоро 3 милиони евра. Здраво Таравари!

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува