09 Октомври, 2024
0.0242

ТЕХНОЛОГИЈАТА ИМПРЕСИОНИРА: Ајфон со нов изум, управување на смартфонот со помош на гестови

Објавено во: Стил 07 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Во процес се две технологии кои би можеле да претставуваат огромно чудо.

Според информациите кои кои успеа да ги добие „Bloomberg“ од лица блиски до компанијата, „Apple“ моментално работи на развој на сезонор кој ќе овозможува управување на смартфонот со помош на гестови, како и технологија на закривен екран.

Управувањето со гестови би можело во скоро време да биде имплементирано во екраните на „iPhone“. Тоа значи дека корисниците би можеле да „допираат“ по екранот и да даваат наредби на телефонот без воопшто да го допираат екранот. Па така екранот чувствителен на допир би можел да се претвори во екран чувствителен на движење на гестови над него. Наместо детектирање на силата на притискање на екранот, новиот сензор би реагирал на одалеченоста на прстот од екранот и тој податок би го претворал во наредба.

Доколку се одлучи „Apple“ да продолжи со развојот на оваа технологија, таа би можела да се најде во уредите за најмалку две до три години. Ако ништо друго, оваа технологија би можела да го намали бројот на дамки кои секојдневно се оставаат на екранот.

За имплементација на оваа технологија би се користеле сензори слични на оние на камерите „TrueDepth“ кој денеска служат за „Face ID“ (препознавање на лицето на корисникот).

Во исто време во „Apple“ работат и на развој на закривен „OLED“ екран. Според истиот извор компанијата смета дека можноста за изработка на ваков вид екран закривеноста би се протегала по целата негова должина – па се чини дека некои модели на „iPhone“ во иднина би можеле да потсетуваат на „бананата“ на „Nokiа“.