14 Март, 2025
0.1767

ТЕЛЕВИЗИИТЕ „МРСАТ“ МУСТАЌИ, НА ДОФАТ ИМ СЕ ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ДРЖАВНИ ПАРИ - законски измени за власта да пушта и плаќа кампањи од јавен интерес

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2022 10:42

Добивај вести на Viber

Се подготвува законски терен за големи држави пари да одат кај телевизиите и радијата во земјава, и тоа речиси половината од нив ќе завршат кај пет приватни телевизии. 

Во Собранието по скратена постапка се туркаат Измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиуми, а според познавачите, владејачкото мнозинство многу скоро ќе го стисне копчето „за“ поминување на овие измени. 

На ваквите законски промени веќе реагираше и медиумскиот еснаф.

Инаку, клучната суштина на сегашните законсмки измени е да се врати во живот нешто што токму оваа власт го укина под плаштот на транспарентноста и „колнењето“ дека не се обидува да ги корумпира приватните медиуми, особено телевизиите, преку кои мисли дека сеуште има најголемо влијание. 

Или, со новата регулатиува практично државата и општините ќе имаат обврска да пуштаат јавни кампањи на комерцијалните телевизии и радија, а за тоа секако, ќе се трошат народни пари. И тоа, ни помалку ни повеќе, туку по околу пет милиони евра ќе се слеваат кај националните телевизии и радија, и тоа за кампањи од јавен интерес. 

Токму затоа и реагираат регионалните медиуми, стравувајќи дека тие ќе добиваат, многу помал дел од финансискиот колач, наспроти големите „скопски“ национални телевизии. 

Всушност, денеска треба да стартува постапката за овој закон во Собранието, каде ќе треба да се формира комисија за одлучување за кампањи од јавен интерес. 

Тој закон би почнал да се применува веќе од следната година.

„Се јавува потребата на уредување на кампањите од јавен интереси на центрлно и на локално ниво, изборот на нивното идејно решение како и спроведување и финансирање на истите. Исто така се јавува потреба од дорегулирање на одребите кои се однесуваат на операторите кои реемитуваат програмски сервиси. Целта на овој Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е воведување на начин на изборот на емитување на кампањи од јавен интерес со цел да се има поголема транспарентност при изборот како и почесто спроведување и емитување на истите со цел на поголемо подигнување на јавната свест. Се допрецизираат и одредбите за реемитување на програмските сервиси кои се однесуваат за регулирање на авторските и сродни права на територија на Република Северна Македонија. Имено со предлог законот ќе се овозможи поголема правна сигурност во однос на кампањите од јавнен интерес и нивното емитување“, се вели во владиното обртазложение. 

Спроведувањето на овој закон предизвикува фискални импликации за Буџетот и за него ќе бидат потребни буџетски при, навеле од Владата. 

„Кампања од јавен интерес содржи исклучиво информативно - едукативни пораки и е насочена кон голем број луѓе во одреден временски период за да се обидат да генерираат специфични резултати или да постигнат предодредени цели, при што на јавноста ќе и се обезбедат потребните информации за причината на самата кампања од јавен интерес. Кампањи од јавен интерес не се сметаат теми поврзани со историјата, религијата, политички и дипломатски активности, теми кои се поврзани за одредени личности и настани и активности од минатото кои се веќе завршени, како и теми поврзани со партиски активности“, се вели во предлог законот. 

„Емитување телевизиски спотови за реализација на кампања од јавен интерес визуелно означена во долниот десен агол само како „кампања од јавен интерес“ и емитување на соодветен радијски џингл кој ќе го содржи само текстот „кампања од јавен интерес“, се наведува во законскитѕе измени. 

Според овој закон Владата има обврска во текот на една календарска година да спроведе најмалку една, а најмногу четири кампањи од јавен интерес на централно ниво. 

Собранието формира Комисија за одлучување по кампањи од јавен интерес на централно ниво во состав: - тројца пратеници од власта, од кои двајца претставници на партијата која има најголем број на пратеници и еден претставник на партиите кои се дел од парламентарното мнозинство и - тројца пратеници од опозицијата, од кои двајца претставници на партијата на парламентарната опозиција која има најголем број на пратеници и еден претставник на партиите кои се дел на парламентарната опозиција. (2) Предлозите ги даваат партиите а ги потврдува Комисијата за прашања на избор и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија најдоцна до 10 јануари“, е дел од законот. 

Кога СДСМ беше во опозиција, беше силен критичар токму на овие владини реклами, велејќи дека на тој начин власта си го купува мирот, односно бидејќи телевизиите добиваат силни суми пари од државата, ќе се воздржат од критики на власта. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“

МИЦКОСКИ: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка

МИЦКОСКИ: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка

МИЦКОСКИ: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

МИЦКОСКИ: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

СТАТИСТИКА ЗА ЈАНУАРИ: Турците се најбројни гости во Македонија

СТАТИСТИКА ЗА ЈАНУАРИ: Турците се најбројни гости во Македонија

ПРИЧИНА КОЈА ЈА НАВЕДЕ ДА НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР: Јахоски не поднел барање за старателство врз децата

ПРИЧИНА КОЈА ЈА НАВЕДЕ ДА НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР: Јахоски не поднел барање за старателство врз децата

ОЈО РЕАГИРА ЗА ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКО ПОЕНТИРАЊЕ: Ги отфрламе сите информации за наводни притисоци за одредени предмети

ОЈО РЕАГИРА ЗА ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКО ПОЕНТИРАЊЕ: Ги отфрламе сите информации за наводни притисоци за одредени предмети

АГЕЛЕР: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет

АГЕЛЕР: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет

ПРИЗНА ВИНА И ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР - изречена пресуда за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

ПРИЗНА ВИНА И ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР - изречена пресуда за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Уставен суд: Интерпелација не може да се примени за уставните судии, на тој начин се прави упад во уставно-судска власт

Уставен суд: Интерпелација не може да се примени за уставните судии, на тој начин се прави упад во уставно-судска власт