09 Октомври, 2024
0.0280

TESLA повторно освојува и покрај фаталната несреќа

Објавено во: Стил 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Покачување на вредноста на акциите на компанијата за производство на електрични возила „Tesla“. Главна причина е зголемувањето на производството на поевтиниот Model 3 во првиот квартал.

Компанијата изнесе дека ова бил најпродуктивниот квартал во историјата на „Tesla“ откако направи 34.494 возила, од кои 9.766 беа Model 3.

Профитабилноста на компанијата на милијардерот Елон Маск зависи од зголемување на производството на Model 3.

Акциите на компанијата доживеаа пад во изминативе недели по шпекулациите за финансиската состојба на Tesla и фаталната сообраќајна несреќа во САД со нејзино возило.

Tesla вели дека има околу 500.000 нарачки за Model 3.

Вредноста на акциите на компанијата со седиште во Калифорнија што падна за околу една петтина минатата недела, вчера забележа раст од 3% на вчерашното тргување на берзата во САД.