20 Декември, 2025
0.1128

Тежок избор пред турскиот народ

Објавено во: Балкан 31 Октомври, 2015 19:15

Добивај вести на Viber

Турскиот народ ќе се насочи повторно кон гласачките кутии утре за повторно спроведување на неубедливите избори во јуни, а како што прелиминарните истражувања покажуваат дека е поверојатно тие да го продолжат политичкиот ќор-сокак отколку да стават крај.

Нов парламент без јасно изразено мнозинство може да наметне притисок врз владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), која го изгуби мнозинството во јуни, и да побара коалиција за да го избегне одржувањето на уште едни избори. „Не мислам дека Турција може да го издржи тоа“, изјави премиерот Ахмет Давутоглу за телевизија „NTV“ во четвртокот.

На карта се заложени финансиската и политичката стабилност на најголемата економија во Блискиот Исток и клучен сојузник на НАТО во проблематичните регион. Пазарите паднаа од јуни наваму, откако четирите партии во парламентот не успеаја да се договорат и да состават Влада: лирата е втората од најлошите валути во светот за оваа година. Ситуацијата е нарушена и поради други причини: војната со курдските бунтовници повторно се разгори, а серијата од самоубиствени напади на „ИД“ во кои загинаа над 130 лица и ги продлабочија поделбите.

АКП на Давутоглу и главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) сигнализираат дека овој пат можеби се подготвени на трансакција. Ова ќе биде „најповолно за пазарниот резултат“, помагајќи за олеснување на тензиите помеѓу различни социјални групи, изјавил Ерки Исик, стратег во „Turk Ekonomi Bankasi“ во Истанбул. „Ова сепак е и најтешкиот план за постигнување поради нивните различни позиции“.

Секоја коалиција би ги загрозила аспирациите на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој нема да се кандидира уште еднаш за функцијата, за проширување на неговите овластувања.

Иако се претпоставува дека е над политиката, тој води кампања за мнозинство на партијата АКП, што може да бара извршна власт во претседателскиот систем.

Ниту една од опозициските партии не ја поддржува оваа цел. „ЦХП“ е и против политиката на Ердоган и Давутоглу за соборување на претседателот на Сирија, Башар Асад од власт и сака да ги укине реформите кои се направени во образовниот систем. Во однос на економијата партијата сака да ја прошири даночната база и традиционално ја поддржува силната улога на државата и заштита на работниците.

Пречките пред коалиција на АКП со некоја од двете главни опозициски партии се сеуште поголеми. Националистичката Партија на националното акција „МХП“ инсистира да се стартуваат истраги по обвиненијата за корупција против поданици на Ердоган. Прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), поради која АКП не успеа да го постигне мнозинството во јуни, минувајќи над прагот од 10% за прв пат е демонизирана од Ердоган и Давутоглу: и двајцата ја обвинуваат дека е дел од вооружените сепаратисти.

Кампањата на АКП се базира на постигнатиот економски успех, додека опозицијата вели дека тој е се повеќе расипан. Растот на економијата во вредност 720 милијарди долари е над 6% во првите шест години на управување на АКП и половина на оваа стапка во последните шест години.

Во последните недели на кампањата вжештената конкуренција ветува поголеми зголемувања на месечната минимална плата, која во моментов изнесува 340 долари месечно. Партијата АКП тврди дека ќе ја зголеми за 30% во пакет со зголемувањата на пензиите и повеќе државни позиции, како и за 1% од БДП, изјавил министерот за финансии на земјата Мехмет Симсек на 26 октомври.

„Нашите ветувања се реални, стабилни и се применуваат“, изјавил Симсек. „Тие не се на ниво кое може да ја уништи макрофинансиската стабилност“.

Пред последните избори АКП ги критикуваше плановите за трошоците на опозицијата, вели Ентони Скинер, аналитичар со седиште во Велика Британија на компанијата „Verisk Maplecroft“. Сега таа „прави пресврт и ветува слични реформи во обид да го подигне својот удел на гласови“.

Има „ризик од прекумерени ветувања за буџетска перспектива“, ако ветувањата се исполнат, додава тој.

Симсек изјавил дека плановите на опозицијата ќе се дури и поскапи и ќе изнесуваат околу 10% од БДП.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација