Ти благодарам Фил за сета поддршка - официјално депонирано членството во НАТО
Објавено во: Македонија 20 Март, 2020
Шефот на дипломатијата Никола Димитров објави дека шпанскиот протокол за членството на НАТО во земјава е официјално депониран од Стејт Департментот.
Тој му се заблагодари на Филип Рикер, поранешен американски амбасадор во земјава, а сега висок функционер во американскиот Стејт Департмент, кој го прими протоколот од шпанскиот амбасадор.
„Во името на САД инструментот на Шпанија за ратификација на нашето членство во НАТО го прими токму амбасадорот Филип Рикер, еден од најголемите пријатели на нашата држава и македонските евроатлантски интеграции! Фала ти Фил, за сета енергија и поддршка низ годините!“, напиша Димитров.