26 Април, 2024
0.2224

ТИЕ СЕ МНОГУ МНОГУ ПОБОГАТИ ОД СИТЕ НАС - кои се 900 Македонци со годишни приходи над 80 илјади евра

Објавено во: Финансии 17 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Кои се 900 најбогати Македонци, чии годишни приходи изнесуваат најмалку 81 илјади евра, а често и многу повеќе.

Или, кои се луѓето, кај кои ако се извади нивниот просек, годишно заработуваат над 227 илјади евра. 

Според одредени истражувања, доходовната нееднаквост во земјава не е толку голема меѓу останатиот дел од граѓаните, со исклучок на оние 0,1 отсто, или околу 900 граѓани, со годишни приходи надс 81.300 евра најмалку, а просечно над 227 илјади евра. 

Ако се погледне Џини индексот во земјава, според последните податоци, тој изнесува 31,9, од што произлегува дека ние немаме значајно поголема нееднаквост од некои европски држави, на пример, Германија.

„Или, сличен на нашиот Џини коефициент имаат Грција, Португалија, Германија, како и просекот на земјите од Европската унија. Шведска и Данска, на пример, имаат Џини коефициент од 28, што не е особено понизок од нашиот. Тоа значи дека Република Северна Македонија нема толку голема доходовна нееднаквост, како што се зборува“, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески, кој изработи презентација со индикатори за потребите на УНДП.

Податоците покажуваат и дека во земјава расте средната класа, или од 47,5 отсто, таа се зголемила на 55,7 проценти, што, пак, се случува кога во многу земји ширум светот средната класа се намалува. Причините за тоа лежат и во фактот што во последнава декада политиките главно беа фокусирани кај посиромашните, како што е зголемувањето на социјалната помош, ад хок зголемувањата на пензиите, воведувањето и зголемувањето на минималната плата, како и земјоделските субвенции, кои иако не беа со таква намена, имаа силна социјална компонента.

Дури и да се гледаат најбогатите 20 отсто во земјава, ќе се види дека нема големи разлики меѓу нив со другиот дел од населението. Практично и нема големи проблеми се додека не дојдеме до оние 0,1 отсто од најбогатите во земјава.

Според него, ако се изземат овие 900 луѓе, тогаш меѓу сите останати во земјава воопшто немаме голема нееднаквост.„Од тоа би произлегол заклучок дека попрво сите колективно сме сиромашни, а не сме толку многу нееднакви. Затоа, прашањето е дали ние сме во заблуда дека е толку висока доходовната нееднаквост“, вели Петрески.

А земјава е на 82 место на светската листа на УНДП за човечки развој, во најновиот извештај на организацијата. Тој покажува дали земјата има многу висок, висок, среден или низок човечки развој, врз основа на фактори како што се бруто домашниот производ по глава на жител, животниот век, образованието, како и здравството. Со оваа позиција сме позади речиси сите земји од регионот. Па така, пред нас се Словенија, која е на 24 место, Грција која е 32, како и Бугарија и Црна Гора, кои го делат 52 место. Овие држави се во групата земји со многу висок човечки развој, што значи дека ние сме една категорија подолу, од вкупно четири категории. Според индексот, ние сме и позади Србија, која го зазела 63 место, Албанија која е на 69 позиција, а пред нас е дури и Босна и Херцеговина, која е на 75 место.

Н.Н.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната