12 Декември, 2024
0.0318

Македонија на 82 место по човечки развој, послаби сме од сите соседи

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Македонија е на 82 место на светската листа на УНДП за човечки развој. Најновиот извештај организацијата официјално треба да го презентира денеска. Тој покажува дали земјата има многу висок, висок, среден или низок човечки развој, врз основа на фактори како што се бруто домашниот производ по глава на жител, животниот век, образованието, како и здравството.

Според најновиот извештај што ги мери овие параметри, Северна Македонија е на 82 место, со индекс на човечкиот развој од 0,759. Земјата е подобра колку индексот се доближува до еден.

Заземајќи го 82 место, и влегувајќи во групата на земји со висок човечки развој, Македонија е позади речиси сите земји од регионот.

А 82 поиција земјава ја делиме со уште две држави - Алжир и Перу.

Минатата година, пак, сме биле 81-ви и ова место сме го делеле со Ерменија и Алжир. Се објаснува дека благиот пад на позицијата некогаш се должи и на фактот што одредени земји се подобруваат и одат нагоре на листат.

Па така, пред нас се Словенија, која е на 24 место, Грција која е 32, како и Бугарија и Црна Гора, кои го делат 52 место. Овие држави се во групата земји со многу висок човечки развој, што значи дека ние сме една категорија подолу, од вкупно четири категории. Според индексот, ние сме и позади Србија, која го зазела 63 место, Албанија која е на 69 позиција, а пред нас е дури и Босна и Херцеговина, која е на 75 место.

Главна цел на ова мерење е да се покаже дека човечкиот развој не зависи само од растот на економијата, туку како тоа влијае на животите на граѓаните во тие држави. УНДП се залага за намалување на нееднаквоста во светот.

„Клучниот проблем поради кој луѓето протестираат ширум светот, е големата фрустрација од нееднаквоста“, сметаат авторите. Сега расте една нова генерација на нееднаквости, а не се проблеми само приходите, сиромаштијата и гладот.

На прво место на листата на најновиот извештај на УНДП е Норвешка, со индекс 0,954. Во таа земја се највисоки сите критериуми, и БДП по глава на жител, и животниот век, но и образованието и здравството. По неа следуваат Швајцарија, Ирска, Германија и Хонг Конг, кој е на петто место.

Последните три најслаби места, пак, се за Чад, Централно Африканската Република и Нигер, која го зазеде неславното 189 место.

Кога станува збор за земјава, се поставува прашањето дали доходовната нееднаквост кај нас е една голема заблуда, односно дали е навистина толку голем јазот меѓу богатите и сиромашните како што постојано се зборува?

Ако се погледне Џини индексот во земјава, според последните податоци, тој изнесува 31,9, од што произлегува дека ние немаме значајно поголема нееднаквост од некои европски држави, на пример, Германија.

„Или, сличен на нашиот Џини коефициент имаат Грција, Португалија, Германија, како и просекот на земјите од Европската унија. Шведска и Данска, на пример, имаат Џини коефициент од 28, што не е особено понизок од нашиот. Тоа значи дека Република Северна Македонија нема толку голема доходовна нееднаквост, како што се зборува“, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески, кој изработи презентација со индикатори за потребите на УНДП.

Податоците покажуваат и дека во земјава расте средната класа, или од 47,5 отсто, таа се зголемила на 55,7 проценти, што, пак, се случува кога во многу земји ширум светот средната класа се намалува. Причините за тоа лежат и во фактот што во последнава декада политиките главно беа фокусирани кај посиромашните, како што е зголемувањето на социјалната помош, ад хок зголемувањата на пензиите, воведувањето и зголемувањето на минималната плата, како и земјоделските субвенции, кои иако не беа со таква намена, имаа силна социјална компонента.

Дури и да се гледаат најбогатите 20 отсто во земјава, ќе се види дека нема големи разлики меѓу нив со другиот дел од населението. Практично и нема големи проблеми се додека не дојдеме до оние 0,1 отсто од најбогатите во земјава.

„Станува збор за околу 900 луѓе, чии доходи се многу повисоки од другите доходовни групи. Тие заработуваат годишно над пет милиони денари, што е 81.300 евра. А просечниот доход во групата е над 14 милиони денари“, вели Петрески.

Според него, ако се изземат овие 900 луѓе, тогаш меѓу сите останати во земјава воопшто немаме голема нееднаквост.„Од тоа би произлегол заклучок дека попрво сите колективно сме сиромашни, а не сме толку многу нееднакви. Затоа, прашањето е дали ние сме во заблуда дека е толку висока доходовната нееднаквост“, вели Петрески.

Според него, поважни се нееднаквостите во можностите во Северна Македонија, коишто пак потоа значајно влијаат врз способностите на луѓето да заработуваат доход. На пример, граѓаните во земјава немаат еднакви можности уште од раното детство. Помалку од 10 отсто од децата на најсиромашните одат во граднка, а од најдоходовните слоеви од населението, тој процент е многу повисок, над 25 отсто. Ова покажува дека не сите деца уште од старт имаат еднакви можности. Посиромашните, исто така, многу помалку можеле да добијат пристап до лекар, кога тоа им било потребно. Оние што имаат помал доход потешко доаѓаат и до работа, бидејќи податоците говорат дека невработеноста и неактивноста се концентрирани во посиромашните слоеви од населението. Истражувањата покажуваат и дека подоходовни се вработените лица и пензионерите.

Нееднаквостите се одредени и од родовата дискриминација, па жените се два пати помалку активни од мажите на пазарот на трудот. Исто така, има многу помалку жени на менаџерски позиции од мажи. Податоците говорат и дека кога станува збор за високите плати, оние со над 40 илјади денари, нив многу помалку ги земаат жените во споредба со мажите.

Кога се работи за еднаквоста на граѓаните пред правосудството, пак, кај нас таа е 0,65, на скалата од нула до 1, каде 1 е најголемата еднаквост. Во Германија, на пример, тој коефициент е 0,99.

Па така, заклучокот од истражувањата, вели Петрески, е дека на прашањето дали и колку сме нееднакви, одговорот недвосмислено би бил дека „нееднаквоста во можностите е многу поголема и позагрижувачка од доходовната нееднаквост и таа треба да биде примарен таргет на политиките“.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Повторно ќе му се суди на газдата на „Беса транс“

Повторно ќе му се суди на газдата на „Беса транс“

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН РЕЧЕ ДЕКА ЗНАЕ ДЕКА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ Е ВО СИЛА, НО ДЕКА НЕ МУ СЕ ДОПАЃА“: ДУИ бара оставка од Костадиновски

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН РЕЧЕ ДЕКА ЗНАЕ ДЕКА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ Е ВО СИЛА, НО ДЕКА НЕ МУ СЕ ДОПАЃА“: ДУИ бара оставка од Костадиновски

(ВИДЕО) Таравари во „Бизнис Муабети“: Али Ахмети ќе се повлече наскоро од политиката

(ВИДЕО) Таравари во „Бизнис Муабети“: Али Ахмети ќе се повлече наскоро од политиката

„АЛБАНЦИТЕ САКАЛЕ ДРЖАВА АЛБАНИЈА. БУГАРИТЕ БУГАРИЈА“: Најчевска распали за формирањето на државите на Балканот, еве го нејзиното објаснување

„АЛБАНЦИТЕ САКАЛЕ ДРЖАВА АЛБАНИЈА. БУГАРИТЕ БУГАРИЈА“: Најчевска распали за формирањето на државите на Балканот, еве го нејзиното објаснување

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ: „Се противиме на постоењето можност да се укине правото на бесплатно користење јавен градски превоз“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ: „Се противиме на постоењето можност да се укине правото на бесплатно користење јавен градски превоз“

И ВЕЛЕС БЛЕСНА НОВОГОДИШНО: А еве како е во Скопје

И ВЕЛЕС БЛЕСНА НОВОГОДИШНО: А еве како е во Скопје

„НЕ Е СТРАВ АЛБАНЦИТЕ ДА ГОВОРАТ НА СОПСТВЕН ЈАЗИК, ПОГОЛЕМ СТРАВ Е МАКЕДОНЦИТЕ ДА ГО РАЗБИРААТ АЛБАНСКИОТ“:

„НЕ Е СТРАВ АЛБАНЦИТЕ ДА ГОВОРАТ НА СОПСТВЕН ЈАЗИК, ПОГОЛЕМ СТРАВ Е МАКЕДОНЦИТЕ ДА ГО РАЗБИРААТ АЛБАНСКИОТ“:

МАКЕДОНИЈА ГО ГУБИ НАСЕЛЕНИЕТО: Колку граѓани годинава и лани побарале отпус од македонско државјанство?

МАКЕДОНИЈА ГО ГУБИ НАСЕЛЕНИЕТО: Колку граѓани годинава и лани побарале отпус од македонско државјанство?

ЛАТАС ЗА СУДЕЊЕТО НА МИЈАЛКОВ И ЗА СУДИЈАТА БЕЏЕТИ: Ако се докаже дека било решено со корупција, има основ за поништување на пресудата и повторување на судењето

ЛАТАС ЗА СУДЕЊЕТО НА МИЈАЛКОВ И ЗА СУДИЈАТА БЕЏЕТИ: Ако се докаже дека било решено со корупција, има основ за поништување на пресудата и повторување на судењето