26 Април, 2024
0.0281

Тиквеш: На „тимбилдинг“ одат сите вработени, секој да изгради поцврста врска со производот

Објавено во: Економија 20 Септември, 2019

Добивај вести на Viber


Винаријата „Тиквеш“ по пишувањето на „Фактор“  вели дека „тимбилдингот“не е изговор за да ги испраќа вработените од Скопје надвор од работното време на лозовите насади во пикот на гроздоберот.

Ангажирани се сите вработени, од различни сектори и на различно хиерархиско ниво. Се прави посебен распоред и термински план за ангажманот, кој во текот на бербата се прилагодува согласно дневните потреби. Се работи во две смени и секој добива конкретна задача што треба да ја извршува, велат од винаријата „Тиквеш“ во одговорот на прашањата на Фактор за практиката секој вработен да бере грозје за време на гроздоберот. Велат дека ова се прави сите да се запознаат изворно со производот.

Од таму велат дека оваа практика ја спроведуваат неколку години, додека бербата е период кога интензитетот на активностите за секоја винарница е најголем.

- Климатските услови го диктираат темпото и реалните потреби на терен, а секоја берба е различна затоа што никогаш не се повторуваат идентично овие услови. Сакавме секој вработен да ја почувствува оваа динамика и да изгради уште поцврста врска со производот, да го запознае подобро виното и да чувствува дека дал придонес во неговото создавање. Виното е производ со приказна и ако не знаете да ја раскажете изворно, не можете да бидете дел од оваа индустрија, велат од таму.

Од таму велат дека вработените во администрацијата не се замена за недостигот на сезонските работници, кои претставуваат проблем да бидат ангажирани.

- Секоја година ангажманот на сезонски работници станува се посериозен проблем. Но сепак, состојбата на пазарот на труд со сезонските работници, не е нималку причина за нашата одлука сите вработени да учествуваат во бербата. Нашата цел е сите да се запознаат со процесот на создавање на врвно вино, од бербата па се до чаша. Паралелно работиме и на постојани инвестиции и модернизација. Годинава почнавме со значајна инвестициска програма во сегментот на примарното производство со која до крајот на годинава предвидени се вложувања од над милион евра во нови, но и обновување на лозови насади на површина од 100 хектари. Дополнително, во наредните три години, постепено ќе бидат обновени и над 50% од постојните 1000 хектари сопствени лозови насади на „Тиквеш“. Со обновувањето се врши замена на помалку функционалните сорти со перспективни сорти грозје наменети за производство на вина од премиум сегментот, но и се создаваат услови за машинска берба на грозјето што не бара голем ангажман на човечки ресурси. Па така, при садењето особено се внимава на растојанието меѓу редовите заради подобар пристап при машинската обработка на лозовите насади и берење на грозјето, гласи објаснувањето на „Тиквеш“.

Од таму тврдат дека кај вработените кои се испраќаат на ваков тип на „тимбилдинг“ не постои скриено незадоволство од ваквата практика.

- За вработените ова претставува одлична активност за зајакнување на тимскиот дух и соработката. На тој начин подобро се запознаваме меѓу себе и подобро функционираме за сите останати активности и одговорности во текот на останатиот дел од годината. Има и забавни моменти и заедничко дружење, а голем дел од нив сметаат дека промената на работната средина е добредојдена, одговараат од „Тиквеш“.

За тоа дали им се плаќа дополнително ваквиот ангажман, од таму велат дека се води сметка ангажманот на секој вработен да биде во согласност со предвиденото работно време и законски одредби и согласно вкупниот ангажман и евентуалните прекувремени работни часови се утврдуваат и дополнителни износи.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто