06 Мај, 2024
0.0258

Тимоние: Сакавме земјите да бидат доволно силни, Османи наместо светло, гледа воз во тунелот

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вели дека останува европската поддршка за Западен Балкан, и никој не треба да ги оспорува намерите на Франција за интегрирање на овие земји во ЕУ, затоа што „намерите на Париз се заедно да успееме“. Ова тој денеска го порача од Собранието, каде се одржа седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која тема беше францускиот нон-пејпр.

Според него, ЕУ се нашла во двоен ќор-сокак. Првиот е тоа што две земји, Србија и Црна Гора, почнале преговори и тие траат со децении, а вториот е потребата од реорганизација на процесот на преговори во рамки на ЕУ.

Она што се случи во октомври со недобивањето датум, според него, не е историска грешка, туку е историска шанса споредено со претходниот систем за проширување.

„Посакуваме процесот да заврши до крајот на јануари, што ќе ни овозможи потоа да се трасира патот кон Загреб на подоверлив начин. За тоа ќе треба и новата ЕК да одговори на нашите желби, но исто така треба и државите членки да се покажат конструктивни. Впрочем тоа и го очекуваме затоа што ја имаме таа споделена волја која беше изразена и од страна на ЕП затоа што сите посакуваат да се отворат преговорите што е можно побрзо, а овде нема ништо да ги спречи спроведувањето на реформите туку напротив. Има конкретни барања за завршување на законот за јавното обвинителство и сите други закони кои произлегуваат од тоа, и тоа се области во кои ние очекуваме напредок“, рече Тимоние. 

Пратеничката Ивана Туфегчиќ од СДСМ рече дека Емануел Макрон испраќа конфузни пораки со неговите изјави, па Тимоние уште еднаш потенцираше дека целта на Франција е проширувањето да не биде цел само поради себе, туку тој процес да донесе бенефит и за земјите-членки и за кандидатите. Според Туфегчиќ, различните изјави пред и по Самитот, доведуваат до конфузија, а младите кои се надеваат дека до 2025 ќе влеземе во ЕУ се разочаруваат.

„Уште колку нови документи ќе видиме додека Македонија добие датум? Ние нема да станеме членка утре туку ќе добиеме датум за да почнеме преговори за да станеме членка“, праша Туфегчиќ.

Според него, од секаде постои верба во европскиот проект, што треба да биде строг, а не само своевидна лиценца на оние кои управуваат со тоа затоа што го добиле датумот и потоа можат да си прават што сакаат на внатрешен план. 

„Ние сме со граѓаните на Северна Македонија и сакаме да успееме, да успееме заедно со вас. Нема никакви стравувања од наша страна во однос на доаѓањето на други земји- членки во Унијата, само сакаме тие земји да бидат доволно силни и доволно подготвени за да можат граѓаните да ја контролираат својата влада, но и тие земји да бидат доста силни за да можат да го спроведуваат тој заеднички европски проект“, рече Тимоние.

Балканските земји, како што кажа, можат да бидат додадена вредност во Европа.  

„Преку новата методологија не размислуваме само за Балканот туку дека има проблеми што не сме ги решиле претходно. Европската изградба е изградба единствена во историјата која се гради секојдневно за да ги подобри грешките од минатото особено во однос на земји кои не успеале да се реформираат“, додаде Тимоние.  

За францускиот нон-пејпер, како што нагласи, има и позитивни реакции и критики, но тој е доставен и процесот е почнат, а официјален Париз посакува тој брзо да заврши, до крајот на јануари, а потоа да може да се трасира патот кон Самитот во Загреб.  

Во нон-пејперот има четири принципи, за кои Тимоние не сакаше многу да зборува. Но, го спомена правосудството и владеењето на правото како главен приоритет. Владеење на правото мора да се постигне бидејќи, според него, со стариот процес на преговарање не се постигнуваат задоволителни резултати, затоа што испитувањето на јавното мислење покажува големо незадоволство од судството дури и во земјите кои се веќе членки на ЕУ. Токму во оваа област Тимоние го нагласи Законот за СЈО како конкретно барање и област во која се очекува напредок.

Францускиот амбасадор го нагласи и процесот на реверзибилност, односно навраќање. Тоа значи дека ќе има враќање назад, ако има назадување во некоја област.

Вицепремиерот Бујар Османи тврди дека во октомври државава заслужила да почне преговори, a одлуката била резултат само на дилемите во ЕУ како ќе продолжи европскиот проект. Само тоа е вистината, беше дециден Османи.

„Направивме се што беше во наша моќ и повеќе од тоа. И се разбира дека поради тоа бевме разочарани. Ние бевме разочарани, беше неочекувано. Институциите беа разочарани, вработените во администрацијата кои со ентузијазам чекаа и гледаа светло на крајот на тунелот, а всушност видоа воз кој доаѓа во тунелот“, рече Османи.

Toj вели дека на францускиот нонпејпер повеќе гледа како на писмо на намери, отколку на „детален рецепт за подготовка на торта“.

Сепак прецизираше дека кога го разгледувале за некои прашања имаат дилеми што значи консекутивноста, што значи завршувањето на една фаза пред влегување во друга, колку тоа ќе го одложи процесот, дали се создава Балкан со две брзини, односно дали ова важи и за Србија и Црна Гора, кои веќе преговараат или само за Албанија и Македонија. Османи нагласи и дека за последната дилема позитивно било што сигналите се дека тоа ќе важи за сите земји од регионот.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски, кој е и претседател на советот смета дека менувањето на методологијата за преговори не се однесува на Македонија и на Албанија, туку најмногу ќе се одрази врз Србија и Црна Гора кои веќе преговараат. Според него, се од сегашните барања може да се примени и со актуелната европска регулатива освен пристапот до структурните фондови. Одлуката не ЕУ ќе зависи од три фактори- внатрешната политика во земјите членки, односите меѓу членките во ЕУ и позицијата на ЕУ во однос на светот. Во однос на земјава, поранешниот министер смета дека власта треба да го смени односот кон опозицијата и кон невладините организации.

„Првиот чекор би требало да биде ревидирање на пристапот за водење преговори од Македонија кон ЕУ. Оној што го имаме во моментот е нетранспаретност, затворена седница на влада, носење за програма за тоа кој ќе води преговори, како, во кој правец ќе се одвиваат“, рече Попоски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува