Добивај вести на Viber
Црквата не се откажува од имотот на манастирот „Св.Наум“ и има намера да вложи жалба на пресудата на Управниот суд, кој на државата и дозволи експропријација на земјиштето.
Вредната парцела беше одземена за да биде огласена во потрага по инвеститори кои таму ќе градат туристички комплекс. Вчера Синодот на МПЦ преку соопштение изрази загриженост дека ваквата одлука негативно ќе влијае на понатамошниот духовен раст на ова светилиште.
„Ќе ги искористиме сите правни норми што ни стојат на располагање. Таа одлука иако е донесена, ние истата ќе ја обжалиме до Вишиот Управен суд“, најави владиката Тимотеј, надлежен архиереј на Дебарско-кичевската епархија.
На овој имот најпрвин беше планбитрано луксузен туристички комплекс со казина во стилот на Лас Вегас да гради индискиот бизнисмен Субрата Рој. Тој се откажа откако разбра дека црквата не се согласува со одземањето на земјиштето. Ова сепак не ја премисли Владата, која одлучи да го одземе земјиштето и да бара друг инвеститор.