Тимови од СЈО влегоа и во ЕЛЕМ
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016
Тимови на Специјалното јавно обвинителство, освен во РЕК Битола, влегоа и во државната компанија ЕЛЕМ, објави Алсат М.
Од ЕЛЕМ посочуваат дека е воспоставена соработка со соодветните служби и остануваат отворени за се што е предмет за интерсирање на СЈО.
Засега од СЈО не откриваат
никакви детали, туку посочуваат дека за неколку предмети се води предистражна постапка, но не може
да откријат ништо повеќе. Во една од бомбите на опозицијата, беше емитуван разговор
за кој се наведе дека е меѓу екс премиерот, Никола Груевски и поранешниот
директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, а каде стануваше збор за местење тендер за РЕК
Битола.