Тито Петковски смета дека Пендаровски не е фаворит кај Македонците
Објавено во: Македонија 15 Март, 2019
Тито Петковски, претседателот на НДСП, партнерот на коалиционото мнозинство, смета дека Стево Пендаровски би можел да освои помалку гласови од Гордана Силјановска Давкова кај етничките Македонци на претседателските избори на 27 април.
- На домашен терен кај македонскиот електорат фаворит може да биде Гордана Силјановска, но нејзин голем хендикеп е оддалеченоста од албанскиот. Пендаровски ја има таа среќа што и на изборите пред пет години и денес има огромна поддршка кај албанските бирачи - рече Петковски во студиото на ТВ21.
Петковски во емисијата „Клик плус“ гостуваше како поранешен кандидат за претседател на Македонија