ТОГАШ И НИЕ ЌЕ СЕ ОБЕДИНИМЕ - еве што кажа Ахмети за можна размена на пратеници
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2020
Идејата за размена на пратеници меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски е ризична, смета лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој ова го кажа во вчерашното интервју на ТВ 21.
„И тоа не може да се случи, да си даваат пратеници…Јас ги слушам тие позајмици, тоа е пазар, но тоа не може да се случи бидејќи хегемонизмот е поразен, и на овие простори…Хегемонизмот е поразен, хегемонизмот ја уништи и Југославија“, рече Ахмети.
Одговарајќи на прашањето што доколку македонскиот табор се обедини, тој рече:„И ние ќе се обединиме“.