01 Мај, 2024
0.0290

ТОМАС Н. ГЕРБЕРИХ: Главниот проблем во Македонија е корупцијата, за тешките кривични дела мора да се одговара, ќе има покана за НАТО и преговори со ЕУ

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Со паметна политика на надворешен план на Премиерот Заев и министерот Димитров новата македонска Влада го даде очекуваниот приоритет на доборсоседската политика.

“Импресиониран сум од постигнатото на надворешен план. Да Ви честитам за потпишувањето на Договорот со Бугарија, преземавте и значајни чекори за нормализација на односите со Грција, посетата на грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас во Скопје покажа дека ќе има придвижување во соработката со соседите. Овие надворешно-политички потези веднаш ги поставивте на правиот пат”.

“Македонија предолго време се бавеше сама со себе. Значи дека внатрешните проблеми довеле до тоа двете најзначајни политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – како да кажам – предолго разговарале за проблемите, но не ги решавале. Неодамна зборував и со ВМРО- ДПМНЕ. Сегашната опозиција ја гледа евроатлантската интеграција како еден од своите приоритети на својата политика. Сега мора надпартиски да се работи за земјата, а не едни против други”.


Ова го вели Томас Герберих во првото интервју за медиумите откако пред еден месец допатува во Скопје.Тој очекува дека Македонија наскоро ќе добие покана за членство во НАТО и би почнала преговори со ЕУ.

Во емисијата Фактор магазин, што есенската сезона ја започнува во недела во 20.45 на ТВ 24, амбасадорот Томас Н. Герберих оценува дека главниот проблем во Македонија е сѐ уште постоечката корупција.

“Доколку сакате да се справите и го надминете минатото, мора да се преземат конкретни чекори. Луѓето кои сториле тешки кривични дела мора да бидат казнети согласно законите. За тоа е потребно соодветно правосудство, соодветни органи за кривично гонење кои се придржуваат на законите и кои не смеат да подлежат на влијание. Никој што сторил тешко кривично дело не смее да биде ослободен од одговорност”.

Политичко-економскиот магазин ФАКТОР магазин  со нов термин во недела и уреднички концепт во кој ќе доминираат регионалните паралели за реализација на евроатланските перспективи, билатералните економски и политички релации со соседите. Во недела ќе имате можност да проследите и интервју со српскиот геополитички аналитичар Душан Јањиќ. Што подготвуваат Софија и Скопје - информација околу новите идеи за продлабочување на македонско-бугарските односи?

Во емисијата и за успехот на новиот  на режисерката Ана Јакимска која со филмот „Ќе дојдат децата“ ја освои првата награда за краткометражен филм на меѓународниот филмски фесвтивал во Шпанија 

Уредник и водител на  политичко-економскиот магазин  е Горазд Чомовски .45 минутната емисијата е  проект на веб порталот Фактор во сорабтока со ТВ24.

Можеби ќе ве интересира

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?