19 Мај, 2024
0.0259

ТОП 10: Најкорумпирани држави во светот

Објавено во: Свет 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Светскиот економски форум ги рангира најкорумпираните земји во светот на база на извештајот за глобалната конкурентност. Листата е изготвена врз студија спроведена во периодот февруари - јуни 2016 година, во која учествувале 15 000 бизнис лидери од 141 држави.

Учесниците квалификувале три основни прашања, оценувајќи ги од 1 до 7 поени (7 се наведени за најнекорумпирани земји, а 1 за најкорумпирани):

- Колку често во вашата земја се даваат незаконски јавни средства за компании, поединци или групи?

- Како ги оценувате етичките стандарди на политичарите?

- Колку често во вашата земја се дава поткуп?

Видете ја листата со најкорумпираните земји во светот во продолжение..

10. Полска - 3,7

Корупцијата во Полска е распространета уште по падот на комунизмот во 1989 година. Иако напорите за борба против корупцијата имаат некаков ефект кај Полјаците се забележува загриженост дека волјата на политичарите за целосна реформа, не е вистинска.

9. Јужна Кореја - 3,5

Корупцијата е голем проблем во Јужна Кореја - таа е толку голема што земјата воведе закон кој не дозволува на луѓето да купат храна во вредност поголема од 30 000 корејски пари . Тој важи за новинари, наставници и државни службеници. Оние кои го кршат законот, ќе се соочат со 3 години затвор.

8. Латвија - 3.5

Бизнисот и политиката во Латвија се премногу тесно поврзани. Во моментов дури корумпираното биро во земјата го истражува шефот на „Bank of Latvia“ за прикривање на приходи.

7. Шпанија - 3,4

Корупцијата е голем проблем во Шпанија, која е рангирана со резултат 4,7 за давање мито. Сепак вкупниот резултат на земјата е 3,5, што ја става на 7-то место.

6. Чешка - 3,3

Корупцијата во Чешка е исто така е широко распространета. Чешкиот премиер Петр Нечас, кој себеси се нарекува "Г-дин со Чисти раце", беше принуден во 2013 година да поднесе оставка по скандал за корупција, во кој му беа одземени 5 милиони фунти и 10 килограми златни плочки.

5. Грција - 3,2

90% од граѓаните на Грција веруваат дека нивните политичари се корумпирани. Даночно затајување е друг голем проблем во земјата. Грчките политичари го опишуваат како "национален спорт" со 26 милијарди несоберени даноци за една година.

4. Унгарија - 3,1

По падот на комунизмот корупцијата во Унгарија значително се зголемува. Еден од првите зборови што им доаѓа на ум на младите Унгарци, е токму корупција.

3. Италија - 3,1

Во јужна Италија корупцијата е голема. Политичките партии се квалификуваат како најкорумпирана институција во земјата, проследени со парламентот и државните службеници.

2. Словачка - 2,7

Уште во 2011 година со скандалот "Горила", кој ја потресе земјата, стана јасно дека политичарите, бизнис лидери и официјални лица, редовно земаат поткуп во замена за приватни договори.

1. Мексико - 2,5

Организиран криминал, поткупни скандали и медиумски манипулации, се вообичаени во земјата. Таа е рангирана на прво место со резултат од 2,5.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години