26 Април, 2024
0.0289

Топ пет агенции за обезбедување: Никоб гази на пазарот, С.Г.С потиснат од врвот

Објавено во: Економија 30 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Со раст на приходите од дури 57 проценти во 2018 година, Никоб го бетонираше лидерското место меѓу приватните агенции за обезбедување. Вкупните приходи на оваа компанија лани изнесуваат над 671 милион денари, што е за дури два ипол пати повеќе од приходите на компанијата која е втора на листата - С.Г.С која пак лани има вкупни приходи од 262,7 милиони денари. Фактор ги анализира топ петте Агенции за обезбедување во земјава – НИКОБ, С.Г.С. ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ, ОСА  МДН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ. За потребите на истражувањето Фактор се обрати до сите компании, но одговор добивме само од МДН, НИКОБ и ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ. Останатите две агенции не испратија никакви одговори. Финансиските податоци за сите се од јавно достапните објави во Централниот регистар.

Финансиски трендови (во мил.денари)

компанија

Вкупни приходи

Добивка

Број на вработени

Никоб

671,4

34

1503

С.Г.С.

262,7

2

711

Перптуумобиле секјурити

206

4

608

Оса

191,9

25,6

438

МДН

97

1,3

258

Никоб ДОО е прва на листата по остварени приходи и компанијата буквално гази на пазарот, враќајќи се на старите позиции. Според податоците мината година има раст на вкупните приходи од дури 57 проценти или прокнижила 671,4 милиони денари како приход, со што ја истисна од лидерската позиција компанијата С.Г.С. која во 2017 одина го имаше приматот. Но растот кај Никоб се должи на зголемување на приходите од сите услуги кои ги нуди, а во 2018 година, според податоците, компанијата го зголемила значајно портфолиото и разноликоста на услужната страна. Во 2018 година оствари и добивка од 34 милиони денари што е раст на „позитивата“ од дури 96 проценти во споредба со претходната 2017 година. Овој финансиски резултат е поради вкупните инвестиции, а добивката е дивезфицирана од сите услуги еднакво. Во 2018 година бојот на вработени во компанијата изнесува 1.503 што е за 71 процент повеќе од претходната 2017 година кога биле ангажирани 878 вработени.

С.Г.С. ДООЕЛ е лидерот од 2017 година, но во 2018 година е втора компанија по остварени приходи на пазарот на агенции за обезбедување. Подемот и падот во 365 дена се огледа во бројките за минатата година. Во таа година С.Г.С. оствари приходи во вредност од речиси 263 милиони денари. Сепак ова е за 54 проценти помалку од приходите кои се прокнижени во 2017 година, година кога како вкупни приходи во билансот евидентирала над 576 милиони денари.

Паѓаат и приходите од работењето, но и финансиските приходи кај кој падот е позначаен. Компанијата сепак работи со добивка. Сепак ако С.Г.С има добивка од  43,5 милини денари во 2017 година што е за фантаситични 117 проценти повеќе од 2016 година, во 2018 година позитивата е со значајно надолен тренд. Во 2018 година С.Г.С. остварила добивка вредна два милиони денари што е  за дури 95 отсто пониска од добивката во 2017 година.

Бројот на вработени во 2018 година се намалува за дури 50 отсто или од 1.428 во 2017 година на 711 во 2018 година.

Перпетуумобиле секјурити  ДООЕЛ е трето рангирана компанија по оставрениприходи, а анализата покажува дека таа го задржала ова место од 2017 година. Во 2018 година вкупните приходи на компанијата изнесуваат 206,2 милиони денари и се за 17 отсто повисоки од претходна година. Тогаш пак вкупните приходи пораснале за 54 отсто во однос на годината која претходела односно 2016 година. Во 2018 година Перпетуумобиле секјурити има добивка од 4 милиони денари која е за 44 отсто повисока од добивката остварена во 2017 година кога пак пораснала за 77 отсто во однос на 2016 година. Перпетуумобиле секјурити има 608 вработени во 2018 година кои се за 35 процент повеќе од вработените кои биле ангажирани во компанијата во 2017 година кога биле 450 на број.

ОСА ДООЕЛ  е топ 4 компанија за обезбедување на пазарот, една од најпознатите меѓу граѓаните, а во 2018 година има остварени приходи во вкупна вредност од 191,9 милиони денари. Во оваа година компанијата бележи раст на приходите за 16 отсто во однос на претходната 2017 година кога приходите пораснале во однос на 2016 година за 4 проценти и изнесувале 165,8 милиони денари.

Компанијата сепак во 2018 година прикажува неверојатен раст на добивката од дури 2.892 проценти во однос на претходната 2017 година. Во 2018 година вкупната добивка на Оса изнесува 25,6 милиони денари, добивка која е на нивото од 2015 година. Во годините измеѓу или во 2016 и во 2017 година финансискиот резултат е во позитива ама драстично помал од 2015 и од 2018 година. Во истиот период нема драстично поместување на приходната и на расходната страна , само што во 2018 година во споредба со 2017 година има намалување на акумулираната добивка.

Во компанијата во 2018 година биле вработени 438 лица или за 15 отсто повеќе вооднос на претходната 2017 година кога биле 382.

По вкупните приходи МДН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДООЕЛ е на петтата позиција на пазарот. Во 2018 година МДН остварила приходи во вкупна вредност од нешто над 97 милиони денари, што е за осум проценти повеќе од 2017 година. Компанијата во 2018 година имала позитивен финансиски резултат односно остварила добивка од 1,4 милиони денари што е за двојно повеќе од добивката во 2017 година кога заработката изнесува 668 илјади денари.

Инаку ако приходите имаат нагорен раст во 2017 година, кога во однос на 2016 година пораснале за 20 отсто, добивката на ова друштво во 2017 година е за 14 отсто пониска во однос на претходната 2016 година.

Бројот на вработени во МДН Обезбедување е за 18 отсто понизок во 2018 година во однос на претхдоната 2017 година. Имено лани во оваа агенција работеле 258 лица, за разлика од 2017 година кога вработувала 315 луѓе.

Согласно евиденциите на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, Министерството за внатершни работи досега има издадено 152 дозволи за вршење дејност приватно обезбедување (Агенции за обезбедување) и 62 дозволи за вршење техничко обезбедување. Сепак согласно евиденциите на Комората усогласени со регулативата во однос на број на легитимации легално работат 76 агенции за обезбедување и 42 компании кои дават услуга техничко обезбедување.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката