19 Мај, 2024
0.0263

Топлата зима ги разочара европските скијачи и скијачки центри

Објавено во: Свет 30 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Декември 2015 година е најлошиот во историјата на европските ски центри. Францускиот град Шамони отвори зоолошка градина, за да ги забавува децата лишени од можноста да скијат. Во Лакс, Швајцарија, операторите ги покачија цените на жичарница, за да ги одржат скијачите далеку од ниските области, а во Мерибел, Франција, хеликоптери доставуваат снег.

Во Европа, каде ски центрите се вообичаен избор за одмор во зима, топлата зима е штета за локалната економија. Според Даниел Гец од француската метеоролошка служба претстојат уште послаби ски сезони.

„Со климатските промени зимите со многу малку снег ќе се среќаваат почесто. Се потешко ќе биде да се понудат снежните патеки“, изјавил Гец .

2015 година е на пат да стане најтоплата зима на Земјата и втора најголема топла зима во Европа по 2014 година во Северните Алпи под 2000 метри надморска височина нема речиси никаков снег по патеките. На југ снегот се топи и на 3000 метри надморска височина.

„Во некои области и вештачкиот снег не може да помогне, бидејќи потешкиот ладен воздух останува во низините“, посочува Кристоф Марти, климатолог во Швајцарскиот институт за истражување на снегот и снежните наноси.

„Бараме други активности“, додал Лиз Мерцер, косопственик на „BlackROck Ski Lodge“, луксузен спортски центар во близина на Шамони. Таа посочува дека локалните власти вложуваат голем број напори за да го компензираат недостатокот на снег и да се отвори паркот со животни, кој во принцип работи само во текот на летото.

„Инструкторите по параглајдерство се многу зафатени. Многумина пак уживаат да ги облечат туристичките чевли и да се прошетаат низ планината до некои ресторани“, изјавила Мерцер.

Сепак не се очекува една-две слаби сезони да ги сменат којзнае колку навиките на Европејците кои се навикнати да одат на скијање во зима, наведува „Bloomberg“. Во Франција многу семејства одат на скијање барем еднаш годишно, а училиштата гарантираат одмор во февруари. Учениците во германската провинција Баварија одат на ски училиште, исто така, најмалку еднаш годишно, а никој просечен австриец не би пропуштил ски одмор.

Оваа година, сепак, резултатот може да е со многу повреди и скршеници. Универзитетската болница во Инсбрук прифаќа по 100 скијачи и сноубордисти дневно, повредени полошо од вообичаеното, бидејќи скијаат на вештачки снег и тесни патеки по кои има камења и дрвја. „Иако бројот на пациентите е малку помал од минатата година, траумите се посериозни“, посочува Јоханес Швамбергер, портпарол на болницата.

Бидејќи луѓето често го планираат својот одмор 4 до 9 месеци порано, многу одморалишта се полни по божиќните празници. Не насекаде, сепак е така. „Ова е прва година кога не можеме да кажеме дека сме полни околу Нова година“, вели Петра Нокер-Шварценбахер, која ја предводи единицата за туризам и рекреација во Австриската стопанска комора.

„Капацитетот ни е исполнет на 80 до 90%“, рекла таа и додава дека поради прогнозите без снег не се прават и нови резервации.

Можеби ќе ве интересира

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела