27 Април, 2024
0.3253

Топлификација: Обвинителството покрена истрага за лиценцата што ја загубивме во 2012 за да му се даде на БЕГ

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство за организиран криминал, пред кратко време, подигна обвинение против членовите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за незаконско доделување на лиценци на спроведениот оглас кон крај на 2012 година. објави „Топлификација“, откако во 2012 ја загуби лиценцата за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, а истата му беше доделена на БЕГ.

„Регулаторна комисија за енергетика  на ден 29.11.2012 год. има објавено  јавен  повик  за избор  на носители за лиценца за вршење на енергетски дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. На јавниот повик распишан од РКЕ за лиценца за дистрибуција на топлинска енергија учествуваше фирмата во сопственост на Топлификација АД, Дистрибуција на топлина ДООЕЛ. Оваа фирма на конкурс за доделување на лиценца во 2010 година ја добива лиценцата за вршење на дејноста дистрибуција на топлинска енергија. Согласно така добиената лиценца фирмата ја извршува оваа дејност до 31.12.2012 година.

На јавниот повик од ноември 2012 година се јавуваат и три фирми во сопственост на БЕГ АД формирани во текот на август 2012 година со основачки влог од по 5.000 евра секоја. Во време на траење на огласот и во време на евалуација на кандидатите кои конкурирале на овој оглас фирмите во сопственост на БЕГ АД не исполнуваат ниеден услов за добивање лиценца. Немаат вработени и немаат основни средства за вршење на дејностите за кои конкурираат.

Но фактот, дека овие фирми не ги исполнуваат условите за добивање на лиценци, стручните служби на РКЕ и избраните членови на РКЕ целосно го игнорираат и со одлука донесена на 31.12.2012 година ги доделуваат трите лиценци, за производство дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, на трите фирми во сопственост на БЕГ АД“, се вели во реакцијата на „Топлификација“, која во моментов е во стечај.

Од таму велат дека фирмата во сопственост на БЕГ АД која ја добила лиценцата за дистрибуција, немала во сопственост мерни уреди за мерење на топлинската енергија на праг на производителот и на праг на објектите, додека пак Топлификација АД поседувала мерно регулациона опрема во вредност од околу 1 милион евра. 

„Новиот носител на лиценца оваа опрема ја користи без дозвола на сопственикот и без да плаќа надоместок за користењето. До денеска новиот носител на лиценца со користењето на оваа опрема генерирал штета на фирмата Дистрибуција на топлина ДООЕЛ во висина од 1 милион евра, колку е вредноста на опремата на 31.12.2012 година“, се додава во соопштението.

Топлификација смета дека штетата што била предизвикана со не доделување на лиценцата за дистрибуција на топлина е околу 2,2 милиони евра без законска камата. 

„Доколку оваа штета не се наплати од носителот на лиценца, согласно закон, истата ќе се побарува од државата бидејќи е настаната поради незаконски доделена лиценца од РКЕ“, најавуваат од претпријатието.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра