Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот
Објавено во: Македонија 28 Март, 2024
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја информираше јавноста дека е приведено уште едно лице за убиството со девет убоди со нож на матичниот лекар Ацо Трпковски.
- Согласно моите информации, приведено е уште едно лице и сега се три. Претресот е завршен во доцните вечерни часови. Се продолжува со други истражни дејствија за да се утврди фактичката состојба. Штом има други информации,ќе ја информирам јавноста, рече Тошковски при посетата во Струмица.
Синоќа Тошковски во емисија кажа дека мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија.
Свирепото убиство на Трпковски ја потресе скопската населба Железара, во која скоро и да немало човек кој не го познавал. Тој со убодни рани бил пронајден во својот паркиран автомобил „Киа“ пред поликлиниката, доцна во ноќта од неговите двајца синови, кои почнале да го бараат, откако неколку часа го немало да се врати од работа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.