14 Мај, 2024
0.0382

ТОШКОВСКИ: УПРВЕН СУД ГИ ПОНИШТИ НЕЗАКОНСКИТЕ ОДЛУКИ НА ВЛАДАТА - имаат исклучиво политичка позадина

Објавено во: Македонија 22 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата. Станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР донесени од моја страна, а кои беа незаконски поништени од страна на Владата, објави утрово на Фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

- Имено, Управниот суд оцени дека тужениот орган, односно Владата при донесување на оспорените одлуки сторила повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Влада, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи кое произлегува од доставените известувања на дополнителниот заменик на министерот во врска со тоа дали предметните акти кои се донесени од министерот претставуваат правно, финансиски и кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите - пишува Тошковски.

Владата, како што се наведува, се впуштила во оценување на законитоста иако била должна да ги упати страните ова спорно прашање да го решаваат пред Државната изборна комисија која е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до Министерството.

- Според наоѓање на судот, ДИК е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата на акти кои се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР - појаснува Тошковски.

Воедно министерот укажа дека со вака донесените пресуди, Управниот суд потврдува дека предметните акти донесени од моја страна се во согласност со Законот за Влада и другите закони и подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја, а во исто време Владата постапила спротивно на законот односно погрешно го применила материјалното право.

Исто така, овие пресуди се доказ дека ваквите одлуки на Владата имаат исклучиво политичка позадина и истите оставаат црна дамка во целокупното спроведување на демократски, фер и слободни избори, посочува Тошковски во објавата на Фејсбук.

Неговата објава може да ја видите и самите на неговиот Фесбук профил:


Можеби ќе ве интересира

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

КАЈ МАВРОВКА СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе документираат сообраќајни прекршоци

КАЈ МАВРОВКА СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе документираат сообраќајни прекршоци

МОЖНО ЛИ Е ПРАТЕНИК ДА СТАНЕ БОБИ МОЈСОСКИ ОД ЛДП, А ДА ИСПАДНЕ ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ОД ДУИ, ИЛИ ПРАТЕНИК ПОВЕЌЕ ДА ДОБИЕ ВМРО-ДПМНЕ - еве по колку гласови им недостигаат

МОЖНО ЛИ Е ПРАТЕНИК ДА СТАНЕ БОБИ МОЈСОСКИ ОД ЛДП, А ДА ИСПАДНЕ ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ОД ДУИ, ИЛИ ПРАТЕНИК ПОВЕЌЕ ДА ДОБИЕ ВМРО-ДПМНЕ - еве по колку гласови им недостигаат

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

Најчевска: ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци со јасни територијални аспирации кон Македонија

Најчевска: ЕУ не се потресе баш од настапите на бугарските европарламентарци со јасни територијални аспирации кон Македонија

ПЕНДАРОВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД ДРЖАВНАТА ПЕНЗИЈА: Но, ќе користи обезбедување и канцеларија

ПЕНДАРОВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД ДРЖАВНАТА ПЕНЗИЈА: Но, ќе користи обезбедување и канцеларија